Потребни состојки:
1 кг јагоди
2 литри вода
1 лимонтус
250 г шеќер
Постапка:
Убаво измијте ги јагодите и исчистете ги од петелки. Ставете ги во блендер и измиксајте ги, па додадете ги во шерпа заедно со 2 литри вода, 1 лимонтус и 250 г шеќер.
Ставете да се готви на умерен оган со повремено мешање додека шеќерот да се растопи.
Кога ќе почне да врие, варете уште само 5 минути со повремено мешање за да не претече.
Врелиот сок веднаш складирајте го во стаклени шишиња претходно загреани во рерна (за да не пукнат).
Кога ќе излади, сокот се чува до седум дена во фрижидер, а доколку правите поголема количина, сокот складирајте го пластични шишиња и чувајте го во замрзнувач.
Постапката погледнете ја во видеото: