Филот е многу вкусен, а главната состојка е рендан компир помешан со мелено месо. Ако го приготвувате во посна варијанта, наместо месо ставете праз.
Исто така, за посната пита во преливот наместо белка ставете 1 лажица посен мајонез (опционо), а пред печење ролатите премачкјате ги само со посен мајонез или со растопен маргарин. Останатото сè е исто…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за мерење се користат: мала чајна чаша од 120 мл и чаша од 200 мл):
5 големи фило кори (или 20 обични кори. Редете по 4 кори една до друга и малку да се преклопуваат за да добиете една голема „чаршав“ кора)
За фил:
2 главици кромид
1 мала чајна чаша масло (100 мл)
200 г мелено месо
6 компири
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
1 чили пипер
За прелив:
1 белка од јајце
1 чаша масло (200 мл)
1 мало шише минерална вода (250-300 мл)
1 полна лажица скроб/нишесте/густин
За премачкување на ролатите:
1 жолчка од јајце
1 лажичка млеко
ПОСТАПКА:
1.Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го во тава со масло. Додајте го меленото месо и продолжете со динстање додека да испари вишокот течност и да ја промени бојата.
2.Компирите изрендајте ги, добро истискајте ги низ раце и додајте ги во меленото месо. Посолете и зачинете по вкус, па добро промешајте. Тргнете го филот настрана и оставете да се олади.
3.За прелив: Во подлабок сад помешајте ги сите наведени состојки и изедначете.
4.Отворете една голема фило кора и премачкјате ја со 5-6 лажици од преливот. Преклопете со втора фило кора, па и неа премачкјате ја со прелив. одозгора распоредете половина од филот.
4.Преклопете со третата фило кора, па и неа премачкјате ја со прелив. Потоа преклопете ја 4.кора, премачкјате со прелив и распоредете го остатокот од филот.
5.На крај преклопете со 5.кора и премачкјате со прелив. Од трите страни превиткајте ги корите 3-4 прсти, така да добиете квадрат. Од четвртата страна започнете да го виткате ролатот.
6.Ролатот пресечете го на половина за да добиете два ролати. Ставете ги во плех обложен со хартија за печење, а потоа и во фрижидер да отстои 1 час за полесно да се сече.
7.Премачкјате ги со жолчка во која сте додале малку млеко и исечете ги на парчиња со дебелина од приближно 1-1.5 прст. Во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени.
8.печете ги ролатите во врела рерна приближно 45 минути или додека убаво заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/3POz-9d2-vY?si=YDMhrv1tA7S26NEr