ВКУСЕН ПИКАНТЕН НАМАЗ…Ресторански рецепт за посно мезе од пиперки кој сите го бараат да си го запишат…Без печење, за 5 минути…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
6 домати
2 црвени пиперки
2 главици кромид
1/2 китка магдонос
2 чешниња лук
За сос:
1 лажица доматна паста
1 лажица паста од лута пиперка
1 лажица црвен пипер во прав
1 лажица суво нане
8 супени лажици маслиново масло
2 лажици сируп од калинка
сок од половина лимон
1 лажичка лут толчен сув пипер/буковец
малку помалку од 1 лажичка сол
1 лажичка сумак зачин/димен црвен пипер во прав
1 лажичка изот зачин/црн пипер во прав
ПОСТАПКА:
1.Во длабок сад добро измешајте ги сите состојки за сосот. По желба и вкус можете да додавате или одземете некои од состојките.
2.Излупете ги доматите, исечете им ги задебелените делови, исечкајте ги на крупни парчиња, сомелете ги во блендер.
3.Исчистете ги семките од пиперките и сомелете ги и додајте ги во доматите.
4.Исто така, исечкајте го кромидот на крупни парчиња и измелете го во процесор за храна заедно со лукот, внимавајќи да не стане кашест, туку како поситно исечкан.
5.Ситно исечкајте го магдоносот.
6.Сите состојки измешајте ги заедно со сосот и вашиот намаз е спремен за послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.