Вкусен мултивитамински сок кој се прави брзо, многу лесно и едноставно…Без готвење, со многу витамини…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
50 – 60 листови коприва (нема да погрешите ако ставите и повеќе)
1 кесичка лимонтус
2 литри вода
1 кг портокали сосе кора
1 кг лимон сосе кора
1 кг шеќер/мед или замена по вкус
ПОСТАПКА:
Копривата измијте ја добро под млаз ладна вода, ставете ја во подлабок сад, посипете ја со лимонтус и залијте ја со ладна вода да биде прекриена. Оставете да отстои 24 часа.
Портокалите и лимоните измијте ги, посипете ги со сода бикарбона, па и нив залијте ги со вода и оставете ги да отстојат 24 часа.
Следниот ден измијте ги добро, а копривата процедете ја и сочувајте ја течноста, па сето заедно сомелете го заедно и убаво процедете го низ газа. Во вкупната количина течност додајте засладувач по желба и промешајте да се раствори.
За да ја засилите бојата можете да додадете масло од портокал, но не е неопходно. После 1 час или откако ќе сте сигурни дека шеќерот целосно се растворил, сокот складирајте го во чисти шишиња.
Можете да го растворувате со вода по желба и вкус. Постапката погледнете ја ОВДЕ.