Home Десерти Вкусен и економичен колач БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…За секој ден за со кафе…

Вкусен и економичен колач БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…За секој ден за со кафе…

Рецепт и фото на Светлана Фотини Коунтоури

Вкусен и економичен колач БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…За секој ден за со кафе…Рецепт и фото на Светлана Фотини Коунтоури

Овој едноставен, а неверојатно вкусен колач е совршен придружник за вашето попладневно кафе.

Без потреба од рерна, со лесно достапни состојки и брза подготовка, тој носи медитерански шмек благодарение на двопекот натопен во сируп како основа.

Рецепт и фото на Светлана Фотини Коунтоури

Слоевите од сочна основа, нежен крем и раскошна чоколадна глазура создаваат десерт што ќе ве освои уште на првиот залак, пишува НМД.

Идеален за моментите кога сакате да се почестите себеси или да ги изненадите вашите блиски со нешто слатко и неодоливо! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

За основата:
– 1 пакување парчиња двопек, или колку што е потребно за да се покрие дното на калапот
– 250 г вода
– 250 г шеќер

За кремот:
– 1 литар свежо млеко
– 5 супени лажици шеќер
– 120 г скроб/нишесте/густин
– 1 супена лажица путер
– 2 кесички ванилин шеќер

За крем од павлака:
– 250-500 г слатка павлака за матење (зависи колку сакате да биде висока)
– 150 г шеќер во прав или помалку, по вкус

За чоколадната глазура:
– 250 г слатка павлака
– 250 г млечно шоколадо
– 1 супена лажица путер
– НМД

Корисни алатки:

Миксер, цена – ОВДЕ. Кујнска вага, цена ОВДЕ. Калап за печење, цена ОВДЕ. Цедалка за лимон, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Машина за мелење ореви, цена ОВДЕ.

Огноотпорни ракавици и силиконски кујнски алат, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Нелепливи калапи за печење леб, цена ОВДЕ. Метално тенџере со капак, голем капацитет, цена ОВДЕ.

Кујнски крпи, цена ОВДЕ. Садови со капаци во разна големина, цена ОВДЕ. Нелепливи 3 силикони, цена ОВДЕ. Кутија за колачи, цена ОВДЕ. Жица за матење, цена ОВДЕ. Нож за сечење леб, цена ОВДЕ.

Постапка

1. Подготовка на основата:

– Во тавче (со средна големина) наредете ги сувите парчиња леб (двопек) покривајќи го дното рамномерно.

– Во мало тенџере ставете 250 г вода и 250 г шеќер. Варете го сирупот околу 5 минути на средна температура додека шеќерот целосно се растопи.

– Со лажица внимателно прелијте го двопекот со топлиот сируп. Оставете да го впие додека го подготвувате кремот.

2. Приготовување на кремот:

– Во тенџере ставете 1 литар млеко, 5 супени лажици шеќер и 120 г скроб. Мешајте постојано на среден оган додека смесата да се згусне во кремаста текстура.

– Тргнете од оган, додајте 1 супена лажица путер и 2 ванили, па промешајте додека путерот се растопи.

– Додека е сè уште топол, излејте го кремот врз двопекот. Покријте го со кујнска фолија и оставете го да се излади на собна температура.

3. Крем од павлака

– Во длабок сад ставете ја павлаката за шлаг и шеќер по желба. Ако павлаката е засладена, можеби и да нема потреба од дополнителен шеќер.

– Матете со миксер додека да добиете густ крем. Нанесете го рамномерно врз изладениот крем од млеко со помош на шпатула.

Вратете го колачот во фрижидер да отстои минимум 3 часа.

4. Чоколадна глазура:

– Во тенџере загрејте 250 г слатка сметана но внимавајте да не зоврие, додајте 250 г чоколадо и мешајте додека смесата да се изедначи и згусне.

– Тргнете од оган, додајте 1 супена лажица путер и мешајте додека глазурата да се излади на собна температура.

– Извадете го сладкишот од фрижидер и внимателно прелијте го со изладената глазура.

– Вратете го колачот во фрижидер уште 1-2 часа за да се стегне глазурата. Сервирајте го ладен, исечен на парчиња, со шолја ароматично кафе – уживањето е загарантирано!

Совет: За дополнителен вкус, можете да додадете малку рендана кора од портокал во кремот или да посипете со ситно сечкани ореви врз глазурата пред да се стегне.

Овој колач е лесен начин да внесете малку медитеранска магија во вашиот дом!