ВКУСЕН ДИЕТАЛЕН КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА…Здраво и многу вкусно! Едноставен и здрав колач со овесни снегулки, јаболка и моркови! Здрав и вкусен појадок за целото семејство. Гответе со радост! Гответе со љубов! Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
100 г овесни снегулки сомелено во брашно
1 лажица кокосово брашно (15 г).
40 г шеќер од трска или некоја друга здрава замена за шеќерот, може и стевија
5 г прашок за печиво 1/2 лажичка
1/2 лажичка цимет во прав
И уште:
2 јајца
1 прстофат сол
1 јаболко
1 морков
40 г ореви
Се пече во рерна на 180°C 35 минути.
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте ги сите суви состојки (брашно од овесни снегулки, кокосово брашно, шеќер, прашок за печиво и цимет).
Јајцата изматете ги рачно со прстофат сол, па додајте ги во сувата мешавина.
Јаболкото и морковот излупете ги и заедно со оревите сомелете ги во блендер, па и нив додајте ги во мешавината. Со лажица убаво промешајте додека сето да се изедначи.
Помал калап или огноотпорен сад намастете го со путер, па сипете ја смесата и израмнете.
Одозгора сипете 1-2 раце ситно сечкани ореви и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 35 минути.
Послужете со детокс напиток: зелен чај со кокосово млеко. На здравје сладење! Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.