Home Десерти Вкусен десерт од 2 состојки, се топи во уста! Може да се...

Вкусен десерт од 2 состојки, се топи во уста! Може да се сече на коцки или да се црпи со лажица…

Мозаично желе со крем – десерт со две главни состојки

Овој десерт е вистинско ремек-дело на едноставноста: со само жеатин и крем, се создава нежна, кремаста мозаична текстура што ги освојува сите сетила. Брзо се подготвува, а резултатот е впечатлив и вкусен, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки

120 g желатин со вкус на јагода
120 g желатин со вкус на ванила
1 чаша врела вода (за секое желе)
2 чаши вода на собна температура (за желето со јагода)
2 чаши крем за готвење или кисела павлака (или полумасна павлака)
НМД
малку масло за подмачкување на садот

Постапка

Прво подгответе го желето со вкус на јагода. Растворете го пакетчето од 120 g со една чаша врела вода, мешајте додека целосно се раствори.

Додајте две чаши вода на собна температура, промешајте и оставете да се излади 15 минути.

Подмачкајте правоаголен сад со малку масло и рамномерно размачкајте го со хартиена крпа по сите ѕидови. Истурете го подготвеното желе со јагода во садот и ставете го во фрижидер два часа или додека целосно се стврдне.

Откако ќе се стврдне, извадете го и исечкајте го на коцки.
Потоа подгответе го желето со вкус на ванила.

Растворете го пакетчето од 120 g со една чаша врела вода, мешајте додека целосно се раствори и оставете да се излади на собна температура.

Потоа додајте две чаши крем за готвење или кисела павлака и мешајте додека смесата стане хомогена.

Во подмачканиот сад редете слоеви: прво тенок слој од смесата со ванила, потоа половина од коцките јагодно желе.

Повторете со уште еден слој смеса, преостанатите коцки и на крај прелијте со целата преостаната смеса од ванила. Ставете го во фрижидер три часа или додека целосно се стврдне.

Извадете, исечкајте на парчиња и послужете. Овој кремаст мозаичен десерт е нежен, освежителен и секогаш остава впечаток. Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ: