Сите знаеме колку цвеклото е здраво, но исто така е корисно и доколку се аплицира надворешно. Некои научни студии потврдиле дека консумацијата на цвеклото помага да се спречи деменција, спречува болести на срцето, висок крвен притисок и помага во регулација на нивото на шеќер во крвта.
Цвеклото е исклучително ефикасно и во бјути третманите, бидејќи го враќа здравјето на кожата и нејзиниот сјај. Со редовна употреба, кожата осветлува, се намалуваат порите и се губат подочниците.
Како се прави маската за лице од цвекло? Ви откриваме два многу ефикасни рецепти кои најмногу се користат.
РЕЦЕПТ 1: Маска од цвекло со топла вода
Потребни состојки:
-сок од цвекло
-топла вода
-памук, памучен пешкир
Постапка:
Измијте се со топла вода и избришете се со пешкирот, внимателно, со тапкање. Земете натопено парче памук во свежо исцеден сок од цвекло и намачкајте го лицето, одбегнувајќи ги очите и устата.
Оставете неколку минути за да се впие сокот во кожата, па потоа повторете ја постапката. Оставете го лицето да се исуши од 15 до 20 минути. Потоа исплакнете се во млака вода.
Веднаш ќе ја забележите промената на кожата. Оваа маска се користи двапати седмично.
РЕЦЕПТ 2: Маска од цвекло и сок од лимета
Потребни состојки:
2 лажички сок од цвекло
1 лажичка јогурт
1 лажичка сок од лимета
2 лажички брашно
Постапка:
Измешајте ги сите состојки додека да добиете убава мазна, изедначена смеса. Нанесете ја на чисто лице и оставете да делува 15 минути. Потоа исплакнете се со млака вода.
Оваа маска може да се користи 5-7 пати месечно, само навечер.