За сите симпатизери на пивото, египетската легенда вели дека пронаоѓач на пивото бил Озирис, богот на плодноста, земјата и вегетацијата, а во старите времиња пивото не се сметало само за пијалак, туку и за лек и храна.
Овој древен пијалак „опстанал” до ден-денес и се здобил со огромна популарност, но има и некои дилеми поврзани со него кои се обидовме да ги разјасниме подолу во текстот.
Колку е пивото корисно за здравјето, а колку штет-но?
Бројни научни студии идентификуваа стотици биолошки активни компоненти присутни во пивото, кои имаат корисен ефект врз здравјето на луѓето. Најголемата надеж е ставена во фитохемикалијата ксантохумол, која е горчлива супстанција во пивото и има антиканцерогено дејство.
Меѓутоа, во денешно време мора да бидеме свесни за опаcностите од з лоупотреба на пивото. Прекумерното кон-сумирање ал-кохол има негативно влијание врз здравјето. Клучниот збор во секое знаење за позитивното влијание на ал-кохолните пијалаци врз здравјето е „умерено“.
Пиењето умерено значи пиење во границите определени од здравјето, општеството во кое живееме и обврски кон семејството и пријателите, за повеќето мажи ова значи 1-3 пијалаци дневно. Жените се почувствителни на ал-кохол, па затоа им се препорачува да пијат помалку од мажите, 1-2 пијалаци дневно во просек.
Количината на ал-кохол во „чаша“ пиво може да варира значително, во зависност од големината на чашата и процентот на ал-кохол во пивото. Треба да се запомни дека препораката за придобивките од умерено кон-сумирање ал-кохол се однесува само на здрави, возрасни луѓе и дека постојат одредени ситуации во кои умереното кон-сумирање алкохол, исто така, може да се смета за ште-тно.
Ситуации во кои не се препорачува умерено кон-сумирање ал-кохол се бременост, пред возење возила, или истовремено кон-сумирање ал-кохол и некои лекови.
Дали е пивото ги дебели луѓето?
Пивото има слична енергетска вредност како млекото и не постојат „скриени“ врски кои би поттикнале зголемување на телесната тежина, особено т.н. пивски стомак.
Прекумерното внесување на било која храна или пијалак ќе резултира со акумулација на масно ткиво. Причината за можната тенденција за зголемување на телесната тежина при пиење пиво може да лежи во фактот во претераното пиење.
Дали пивото е навистина хранливо?
Повеќе од 90% од пивото е вода, така што пивото може да се смета за секојдневен придонес во внесот на течности. Се произведува од избрани суровини – слад, житарици, хмељ, квасец и вода.
Сите овие се природни состојки кои придонесуваат за здрава и урамнотежена исхрана. Иако умерената кон-сумација на пиво може да го снабди телото со многу основни витамини и минерали, не смееме да заборавиме дека пивото секогаш треба да се кон-сумира умерено како дел од урамнотежената исхрана.
Пивото не содржи маснотии, има низок процент на протеини, а јаглехидратите главно доаѓаат од јачменот. Пивопијците често ја оправдуваат својата љубов кон пивото истакнувајќи дека на овој начин внесуваат важни витамини од групата Б.
Навистина, квасецот одговорен за ферментација произведува витамини Б кои остануваат во пивото. Сепак, обидот за снабдување со витамини Б преку пиво нема да биде толку успешен, бидејќи претераното кон-сумирање предизвикува недостаток на витамини, поради содржината на ал-кохол, кој е познат „крадец“ на витамините, особено витаминот Б1.
Пивото содржи бројни елементи во трагови и минерали. Нивната количина зависи од потеклото на суровините, начинот на подготовка и производниот процес. Составот на почвата во која се одгледува јачмен и хмељ, како и временските услови, играат улога во минералниот состав на пивото.
Присуството на минерали како железо, хром, бакар, силициум и калиум секако може да се смета за корисна особина. Односот на натриум и калиум е особено поволен, каде што калиумот има предност, што е предуслов за правилна рамнотежа на течности во телото и спречување на висок кр-вен притисок.
Широк спектар на биолошки активни компоненти се наоѓаат во пивото. Имено, ова се фитохемикалии, особено полифеноли, кои се сметаат за одговорни за поволните својства на црвеното вино, а ги има и во пивото. Полифенолите го штитат кардиоваскуларниот систем и имаат антиоксидантна активност.
Ладно пиво како летно освежување, да или не?
Многумина посегнуваат по ладно пиво како освежување за време на топлите летни денови. Сепак, кон-сумацијата на ал-кохол не се препорачува за време на неподнослива топлина, бидејќи ал-кохолот дополнително го дехидрира телото. Повторно, умерениот и одговорен дострел за пивото е клучен.