Лековитата билка која често ја користиме како зачин, е природно решение за многу тегоби: босилекот го смирува стомакот, ја подобрува концентрацијата, им годи на дишните патишта…
ВИНО ЗА МИРЕН СОН
Докажано е дека делува против несоница. Неговото дејство се засилува ако се искомбинира со рузларинот.
Потребни состојки:
20 г лист од босилек
20 г рузмарин
5 г прополис
1 литар зовриено бело вино
100 г домашен мед
Постапка:
Измешајте по 20 грамови листови од босилек и рузмарин. Во смесата додадете пет грамови прополис и одозгора прелите еден литар зовриено бело вино.
Откако смесата добро ќе излади, процедете го виното и додадете 100 г домашен мед. Вака приготвеното вино од босилек консумирајте го до две ракиени чаши пред оброк.
ЕЛИМИНИРАЊЕ НА ГАСОВИТЕ
Ако веднаш после јадење чувствувате подуеност во желудникот и имате гасови, во голема мера може да ви помогне овој чај.
Со еден литар зовриена вода прелијте лист од сув болек 30-50 г. Оставете го чајот поклопено да отстои 20-тина минути, а потоа процедете го. Секојдневно испијте по една шолја непосредно после оброк и ќе се ослободите од непријатните гасови.
ЗА ШТО СÈ Е ДОБАР ЧАЈОТ:
Познато е дека чајот од босиле помага и кај други здравствени состојби:
-ублажува мигрена, помага кај силни главоболки
-подобрува памтење и концентрација;
-кај силни настинки, воспаление на синуси и други тегоби со дишните патишта, се препорачува инхалација со босилек;
-облози од оваа билка овозможуваат побрзо заздравување на рани;
-етеричното масло од босилек се користи за инхалирање, масажа и бањи бидејќи делува антивирусно и антисептички;
-концентрати од оваа билка имаат најдено примена во фармацевтската индустрија за ароматизирање на лековитите препарати;
-во прехрамбеното производство се користи за ароматизација на освеителните пијалаци и разни слатки;
-познато е дека босилекот се користи во борба против комарците и други инсекти.