-За сите што имаат напорна работна седмица и немаат време за сериозно да започнат со некоја диета!
Ако припаѓате на оние кои имаат вишок килограми, а не можат да прифатат гладување и строги диети во подолг период, тогаш ова е идеалната диета за вас!

Станува збор за викенд диета, која се држи секоја сабота и недела, а во останатите денови јадете нормално, секако не треба да претерувате. Кој не би го посакал ова?
Наместо секој ден да се мачите со сокови, салати и минијатурни оброци, со оваа диета можете преку цела недела да јадете што сакате, но во умерени граници, внимателно избрани намирници (секако не значи дека треба секој ден да јадете брза храна и слатки).

Во сабота и недела пак, има одредено мени по кое треба да се водите, но најдобро е да го прифатите само доколку организмот и здравјето може да ви го издржат тоа.

Еве го викенд менито:

Сабота

Појадок:

• ‘ржан леб со 200 грама козјо сирење – може да комбинирате со кафе или чај, без засладувачи

Ручек: богата салата (за 2 лица) составена од:

• 1 авокадо
• 1 краставица
• ½ или еден помал варен компир
• 1 парче двопек исечен на парчиња
• Дресинг од лимонов сок, сенф, копар и црн пипер

Вечера:

• 100 г риба со зачини, печена
• 200 мл кефир или јогурт со ниска масленост

Недела

Појадок:

• Шолја зелен чај без засладувачи
• 2 големи крекери без шеќери

Ручек: богата (запечена или запржена со малку масло) салата (за 2 лица) составена од:

• 2 големи варени компири
• ½ свежа зелка
• 1 шолја пченка
• ½ лажица маслиново масло

Вечера:

• 100 г пилешки гради
• 1 варено јајце
• Домат
• 200 мл кефир