Овој метод е поздравен и експертите, но само внимавајте тоа да бидат густи материи, како доматно пире и слично.
Откако ќе ја отворите теглата со некој сос или некој друг производ, задолжително мора да се чува во фрижидер за да се спречи расипување на храната.
Но, дури и тогаш може да дојде до појава на мувла и расипување на производот.
Една мајка го откри својот трик, како таа постапува со храната во теглите и на тој начин го продолжува нејзиниот рок на траење и не се расипува.
На Фејсбук групата The Prepped Mama каде редовно се објавуваат совети и трикови од домаќинството, таа го објави и овој совет за чување на производите во стаклени тегли.
ПРЕВРТУВАЊЕ НАОПАКУ
“Одличен трик за складирање на храната во стаклени тегли и нејзино чување. Само потребно е теглата да ја превртите наопаку во фрижидер.
На тој начин храната е затворена и се спречува нејзино расипување, а тоа ви заштедува време и пари”, вели оваа мајка во својата објава и објави својат фотографија како тоа изгледа.
Експерт за микробиологија и агрикултура Кети Моир била консултирана во врска со оваа постапка за чување на храната.
Таа вели дека овој трик нема да го спречи развојот на мувла, но значително ќе го успори развојот на микроорганизми.
САМО ЗА ГУСТИ РАБОТИ
“Со вртењето на стаклените тегли наопаку, таа површина каде што би се појавила мувла, сега ќе падне врз капакот и ќе се затвори преминот на воздух, а со тоа значително се отежнува развојот на микроорганзмите”, објаснува таа за Daily Mail.
Иако овој трик е добар и спречува појава на мувла, сепак овој експерт препорачува отворените тегли да се користат што пократко, односно, производот што побрзо да се потроши после отворањето.
Се додека стаклените тегли се добро затворени, можете да ги чувате наопаку за да го продолжите рокор на траење на производот, само внимавајте тоа да бидат густи работи, како сосови, доматно пире или нешто слично.