Испробајте го подзаборавениот рецепт за домашен путер без адитиви и конзерванси, многу слично на начинот како што го приготвувале нашите предци, но полесно и поедноставно.
Иако постарите генерации веројатно се сеќаваат и знаат како се подготвува домашен путер, сепак добро би било повторно да го пренесеме овој едноставен домашен рецепт и да го сочуваме од заборав.
![]()
![]()
![]()
![]()

Домашниот путер има посебна слаткост и извонреден вкус, а трае исто време колку и купечкиот, по неколку седмици. Со други зборови, има долг рок на траење доколку го чувате правилно во фрижидер.

Она што е најважно кога станува збор за рокот на путерот, е дека не треба да има никаква останата влага во него, а најчесто се расипува ако го чувате директно изложен на светлина. Можеби новите домаќинки во кујната не помислиле некогаш да подготват домашен путер бидејќи купечкиот е секогаш лесно достапен.

![]()
![]()
![]()
![]()
Постарите порано го подготвувале путерот од полномасно млеко и со подолготрајна постапка, но денес повеќето го подготвуваат со млечниот производ наречен „неутрална павлака“, или за многумина познат како „хопла“. Јас го мачкам на лепче и не додавам ништо друго, ете толку ми е слатко што ми стана омилено јадење, а верувам дека ќе стане и ваше.
![]()
![]()
![]()
![]()
За да го подготвите домашниот путер ќе ви биде потребно само неутрална павлака или за многумина позната како „хопла“ со 30-35% масленост. Количината на неутрална павлака која е користена во рецептот е 2 литри течна павлака, а се добиваат 770 г путер.

![]()
![]()
![]()
![]()
Секако според количината на путер која сакате да ја добиете, одредете ја количината на неутралната павлака. Ова е вкусен рецепт за путер, прилагоден за сечиј вкус, а може да го користите во подготовка на пити, колачи, торти и разни други солени и благи јадења.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете ја хоплата. Вклучете го миксерот на најмала брзина и започнете да матите. Кога волуменот на масата ќе почне да се зголемува, постепено започнете да ја покачувате брзината на миксерот сè додека да стигнете до матење со најголемата можна брзина.
![]()
![]()
![]()
![]()
Павлаката во одреден момент ќе се претвори во густ шлаг, но се продолжува со матење додека путерот да почне да се одвојува од течноста, ќе забележите кога е доволно одвоена. Потоа земете една ситна цедалка (или густа газа) и ставате ја смесата за добро да се исцеди од течноста.
![]()
![]()
![]()
![]()

Течноста тргнете ја настрана, а путерот заедно со цедалката префрлете го врз друг сад со ладна вода и добро исплакнете го за да се прочисти. Формирајте топче со помош на шпатула и потоа путерот исцедете го со раце како сунѓер бидејќи не треба воопшто да остане течност.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа путерот ставете го на проѕирна фолија и направете форма, правоаголна или како ролат. Добро завиткајте и затегнете со фолијата и ставете во фрижидер на 1 час да се стврдне. Потоа путерот е спремен за употреба.

Од преостаната течност може да направите урда, но треба да знаете како професионално се прави од бактериска култура. Сепак оваа течност е веќе ферментирана.. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.











