ВЕРА ИЗБЕГАЛА ОД АЛБАНИЈА И СЕ ОМАЖИЛА ЗА СРБИН, ПА ЈА ДОВЕЛА И СЕСТРА И: Нивната приказна е трогателна, а еве како живеат сега…Љубовта не познава граници, а тоа го покажува приказната на Вера и Виолета која е како од филм.
Селото Буѓево на Пештера со години било напуштено, мажите не можеле да најдат жени кои ќе се согласат да живеат во понепристапните краеви на оваа земја.
Меѓутоа, бидејќи имало сè повеќе ергени, кои сакале да основаат семејства, тие ја барале среќата во Албанија и тоа се покажало како вистински потег.
Иако многумина се сомневале во ваквите мешани бракови, на крајот се испоставило дека речиси сите успеале, а во Буѓево повторно се слушнал детски плач.
По повеќе од една деценија вратите на селското училиште повторно биле отворени. Многумина се изненадиле кога слушнаале дека 11 од учениците се родени од Албанки, од вкупно 12.
Вера Матовиќ е првата српска снаа која пред 13 години, на 15 јули 2006 година, дошла од Скадар во селото Буѓево, а потоа ја довела и сестра си, а сега и двете истакнуваат дека кога би можеле да го вратат времето, сè би било исто и не се каат за стореното.
„Среќни, фала богу, имаме пет деца. Три таа, две јас. Имаме сè“, изјавила Вера Матовиќ во една прилика за „Прва“.
Колку е животот непредвидлив говори податокот дека Виолета се заљубила во деверот на својата сестра. Признава дека и било многу полесно од Вера, бидејќи ја поучувала за сè што треба да се направи, како и за тоа, како изгледа животот во тој дел на Србија.
Мора да се работи на село, не е лесно, но кој е вреден, тој учи“, вели Виолета.
Во истото село, недалеку од сестрите Матовиќ, живее Љуља Новчиќ, по потекло од Албанија, која пред 17 години се омажила за Марко Новчиќ и со него има три деца.
Сакав да се омажам некаде поблиску до мојот роден крај, но мораше да биде вака. Сепак, среќна сум што станав мајка и среќна сум со Марко“, изјавила Љуља, додека нејзиниот сопруг додал:
„Животот на село е тежок, бидејќи треба да се работи од утро до вечер.
На дваесетина километри од Буѓево, во Вишњево, живее Мира Кривчевиќ од Албанија, која е со сопругот Вукиќ повеќе од 13 години, а плодовите на нивната љубов се нивните деца за кои прават сè за да им обезбедат подобра иднина.
На прашањето дали се кае што дошла од Албанија во Србија, таа веднаш одговорила:
Никако, не, не“, одговорила Мира за „Екcплозив“.
Таа гордо раскажала дека има девет крави, бик, јуница. На членовите од телевизиската екипа кои ја интервјуирале им покажала колку вредно подготвува сирење и истакнала дека ништо не е послатко од сјеничкото сирење..