Фото и рецепт: Светлана Трајчевска
Потребни состојки:
1 кг брашно
1 коцка свеж квасец
1 шолја шеќер
3 јајца + 1 белка (жолчката за премачкување)
500 мл млеко
100 г растопен путер/маргарин
100 г сувп грозје потопено во топло млеко да омекне
Малку лимонова кора
Постапка:
1.Квасецот измешајте го со 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно и малку топло млеко, па оставете да надојде.
2.Во брашното ставете шеќер, малку сол, јајца, рендана лимонова кора, активираниот квасец и замесете тесто со млеко и растопен путер. Натопеното суво грозје исцедете го и ставете го во тестото.
3.оставете го да мирува додека да се удвои тестото. Поделете го на 6 еднакви делови. Од нив направете ленти-ваљачиња, па од нив сплетете плетенки.
4.Оставете повторно да надојде, премачкајте со жолчка, поросете со сусам и печете во загреана рерна околу 45 минути на 180 степени.