Фото и рецепт: Виолета Стојанова
Потребни состојки:
500-700 г брашно +-
1 сув квасец
1 лажиче шеќер
1 лажица сол, по вкус
2 лажици масло
400 г свинско месо од врат, ситно исечкано или дробено сирење
180 г свинска маст или путер
Млака вода по потреба
Постапка:
Сечканото месо зачинете го и оставете го еден час во фрижидер.
Замесете средно меко тесто и оставете го 15-тина минути да одмори, па поделете го на 6-10 топки. Оставете ги 10-тина минути да одморат.
Тркалезна тепсија убаво намастете ја со растопен путер.
Од првото топче, направете кора колку тавата и ставете ја веднаш во тавата.
Попрскајте од растопената маст. Истото треба да го направите со сите кори, сукате, ја ставате во тавата, ја поросувате со маст. На третата кора ставете месо или сирење, па потоа на 6-тата кора.
Последните кори исто се намастуваат, освен најгорната, која треба прво да се исече.
Се сече на ромбови, на секој ромб се става мевце и се птитиска малку. Се мачка добро со маст. Се пече на 225 степени околу 20 минути, потоа се намалува на 200-180 степени и се допекува до крај додека да добие убава боичка.
Откако ќе се извади од рерна, се премачкува со маст.
Фото и рецепт: Виолета Стојанова