Рецепт и фото: Анита Стојановска
Ѓомлезе, Ѓозлеме, Сеченица… како сакате наречете ја, секако е превкусна!
Потребни состојки:
250 г млака вода
1 квасец
100 мл масло
1 лажиче шеќер
1 лажиче сол
брашно по потреба
Постапка:
Се замесува средно тесто. Тестото го оценувате по месењето, не треба да се лепи на раце. Значи ни тврдо ни меко.
Се остава да стаса, а потоа го делите на топчиња со големина која вие ќе одлучите. Јас го печев во тавче 32, па тестото го поделив на 6 топчиња.
Секое топче го сукате во кора, големина ја одредувате според тавчето. Се прска со маст измешана со масло, па редете дробено сирење и така ги редите сите кори.
Последната кора се сече и се боцка со свинско месо исечкано на помали коцки. Се остава да стаса околу 15 минути па се пече.
Јас го печев на 200 степени околу 45 минути.
Рецепт и фото: Анита Стојановска