Потребни состојки:
300 г лиснато тесто
125 г крем сирење или свежо сирење
50 г шеќер во прав
250 г јагоди
1 лажичка ванилин екстракт
и уште:
1 помало јајце
1 лажичка шеќер
Постапка:
Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени додека вие ја приготвувате питата.
Јагодите измијте ги, исушете ги и исечкајте ги на листови, во зависност од големина, на половинки или на 4 ливчиња или повеќе, сами одредете.
Крем сирењето на собна температура изматете го со шеќер во прав, додадете ванила и соединете убаво.
Лиснатото тесто отворете го (по желба можете да го направите и сами, но јас немав време и користев купечко кое претходно го оставив во фрижидер да се одмрзне). На средината од тестото нанесете го филот и ставете ги јагодите, а од двете страни тестото сечете го на ленти.
Горниот и долниот сел оставете ги поголеми со кои ќе ги преклопите јагодите, така да не ви истекува филот, а исечетените ленти преклопувајте ги една врз друга, малку накосо.
Пред да ги преклопите горните ленти, подолгиот дел од тестото преклопете го преку горниот дел од филот и завршете со ленти. Ова правете го колку можете побрзо за да ви остане тестото ладно.
Одозгора премачкајте со изматено јајце, наросете шеќер кристал и печете во претходно загреана рерна околу 25-30 минути или додека убаво да зарумени.
Печената пита оставете да излади, исечете ја на парчиња и наросете со шеќер во прав.