Пчелиниот мед се смета дека не е вегански, бидејќи оние што ја следат веганската исхрана сакаат да исклучат каква било храна што ги експлоатира живите суштества.

Собирањето мед од кошниците се смета за штетно за пчелите кои работеле напорно за да го произведат со цел да го поддржат сопствениот опстанок во постудените месеци.

Покрај ова, сите доенчиња на возраст под 12 месеци не треба да јадат сиров или комерцијално произведен мед. Ова е затоа што тие можат да бидат изложени на ризик од еден вид труење со храна наречен ботулизам.

Постојат голем број на вегански алтернативи, а овие сирупи се класифицираат како „без“ шеќери, односно без додаден шеќер.

Ќе ги наброиме најпознатите видови, а во продолжение можете да прочитате како се приготвува „мед“ од лубеница, а видеопрезентацијата можете да ја погледнете на крајот од текстот.

За да направите „мед“ од лубеница, потребна е пулпа од лубеница, односно исчистен плод, без кора. Во прикажаниот рецепт се користи лубеница од 3 кг, но секако, количината секој може да си ја прилагоди според потребите.

ПОСТАПКА: Пред да ја исечете лубеницата измијте ја добро надворешната кора, зашто при сечењето може да се контаминира внатрешноста. Потоа исчистете ја и исечете ја коцки, па сипете ја во поголемо тенџере.

Изблендирајте ја со рачен блендер (полесно е, а можете дел по дел и во обичен блендер). Потоа процедете го чистиот сок низ густа цедалка.

На овој начин ќе се отстранат семките и остатоци од пулпата. Она што ќе остане префрлете го двојна (густа) газа и истискајте ја пулпата за да излезе од неа што повеќе сок.

Добиениот сок од лубеница претурете го во чисто, големо и широко тенџере во кое ќе во варите „медот“.

Ставете да се готви два часа на средно умерена температура. Повремено промешувајте за време на овие два часа. Последните половина час не мешајте. Смесата треба да згусне.

Сипете во стерилизирани тегли. Овој „мед“ од лубеница има слаткаст и овошен вкус, а без додаден шеќер. Може да се користи како замена за пчелниот мед за сите оние лица кои се алергични или од од други причини не можат да го консумираат истиот.

Сирупот од урми се добива од урми во вид на паста и има низок ГИ (гликемиски индекс) и пониска содржина на фруктоза од повеќето засладувачи.

Сирупот од урми е богат со заштитни растителни соединенија наречени полифеноли и исто како и пчелиниот мед има природни антимикробни својства.

Придонесува за некои микрохранливи материи, вклучително и калиум. Прочитајте: ОВА Е ПОЛЕКОВИТО ДУРИ И ОД МЕДОТ: Сирупот од урми е вкусен и евтин природен лек против бактерии – ОВДЕ.

ОВА Е ПОЛЕКОВИТО ДУРИ И ОД МЕДОТ: Сирупот од урми е вкусен и евтин природен лек против бактерии

Јаворовиот сируп се прави со извлекување на сокот од стеблата на „црвените“ или „шеќерните“ сорти на јаворово дрво. Сокот се вари за да се добие густ сируп, а потоа се филтрира за да се отстранат нечистотиите.

Сирупот се оценува врз основа на бојата и вкусот, а степенот Б е најтемниот и најсилниот.

Варијациите во бојата се должат на должината на сезоната и исто така ја одредуваат концентрацијата на заштитни фитохемикалии – колку е потемен сирупот, толку се побогати фитохемикалиите.

Во споредба со пчелиниот мед, јаворовиот сируп има помала содржина на фруктоза.

Инулинскиот сируп обично се прави од корен на цикорија. Овој сируп е всушност пребиотичко влакно кое не-метаболизира низ дигестивниот тракт до дебелото црево. Тука, микробите жители го користат како извор на гориво.

Сирупот има низок ГИ и благ сладок вкус, но ако се јаде во големи количини, може да има лаксативно дејство кај некои луѓе.

Неговата употреба е поврзана со здравствени придобивки, вклучително и намалување на производството на триглицериди во крвта, што може да биде поврзано со атеросклероза.

Оризовиот сируп се прави со изложување на варен кафеав ориз во ензими кои го разградуваат скробот на едноставни шеќери. Сирупот потоа се филтрира за да се отстранат нечистотиите.

Бидејќи претежно се состои од гликоза, оризовиот сируп има висок ГИ, но ниска содржина на фруктоза.

Агаве сирупот се прави од сок од лисјата на растението агава. Овој сируп е поразреден или „потенок“ во однос на конзистентноста на медот, со понизок ГИ.

Сепак, има висока содржина на фруктоза и поради оваа причина не е една од најздравите алтернативи и најдобро е да го избегнуваат оние со дијабетес. Видеопрезентацијата од подготовката на „медот’ од лубеница погледнете ја ОВДЕ.