Овој колач е одличен за сите што сакаат да ocлабат: брз, едноставен и што е најважно, многу е здрав. Овој „3-состојки“ чоколаден колач е вегански, не содржи глyтен (можат сите да го конcyмираат, дури и оние со целијакија и пpoблеми поврзани со цpeвата и дигестијата).




Меѓу другото, не содржи јајца, брашно, шеќер (содржи минимално шеќер, всушност она кое се содржи во црното чоколадо, па затоа користете што поквалитетно, со висок процент на какао, а низок процент на шеќер и масти).




Иако се готви многу кратко, сепак, овој колач е изненадувачки многу вкусен. Па, доколку бевте во потрага по некој лесен, ама навистина лесен, брз и здрав колач, тогаш не пропуштајте го овој рецепт. Еве што ви е потребно за да го приготвите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 180 г црно чоколадо (висок квалитет, мин 70% какао), 375 мл кокосово, густо млеко (можете и сами да го направите во домашни услови, но побрзо е доколку го набавите од некоја продавница за здрава храна), 220 г органски овесни снегулки.




ПОДГОТОВКИ: Калапот за торти (18 см) намастете го со путер на дното и страните, или пак, обложете го со хартија за печење, исто така, на дното и страните. Чоколадото исчкајте го врз даска за сечење колку можете поситно (побрзо ќе се растопи).




ПОСТАПКА: Кокосовото млеко ставете го на тивок оган (не треба да врие), па додајте го ситно исечканото чоколадо. Гответе на тивок оган додека чоколадото целосно да се растопи, а целата смеса да се згусне. Ова се случува за кратко време, но сепак, внимавајте да не зоврие, за да ги сочува сите здрави сотојки.




Во топлата чоколадна смеса додајте ги органските овесни снегулки, па добро промешајте со лажица или шпатула, додека целосно да се натоат. Згответе ги житариците на тивок оган неколку минути додека да омекна, обично доволни се мах 5 минути. Додека да се оладат тие убаво ќе набубрат и ќе го впијат вишокот течност.




Добиената смеса излејте ја во приготвениот калап, распоредете рамномерно и израмнете, а потоа оставете да се олади на собна температура, а потоа оставете го колачот уште 4 часа во фрижидер. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.