Поради секојдневниот внес на рафиниран шеќер, масти, газирани пијалаци и останати нездрави намирници, во црниот дроб се таложат масти и токсини, па на тој начин се успорува неговата работа. Затоа, неопходно е повремено да се прави детокс на телото.
Овој природен напиток е познат од многу одамна, комплетно го чисти црниот дроб од масти и токсини – бидете здрави!
Здравиот црн дроб е клуч за добро здравје на целиот организам. Овој напиток го чисти црниот дроб и го снабдува со драгоцени хранливи состојки.
Потребни состојки:
6 лимони
3 грејпфрути
1 свеж корен ѓумбир излупен и изрендан
4-5 чешниња лук
1 рака свежи листови од нане
500 мл вода
3-4 супени лажици ленено масло
1 лажичка ким во прав
Постапка:
Исцедете го сокот од лимоните и грејпфритите, отстранете ги семките. Во блендер ставете ѓумбир, исчистен лук и листови од нане, додадете малку од исцедениот сок од овошјето и убаво изблендирајте за да се соединат состојките.
Ппроцедете ја смесата, а потоа додадете го преостанатиот сок, водата, кимот во прав и лененото масло. Сите состојки убаво промешајте ги за да се изедначат и да добиете компактна смеса.
Овој напиток се пие на празен желудник, откако ќе се разбудите. Најдобро е да мирувате и да лежите барем половина час откако ќе го испиете напитокот. Повторувајте 2-3 пати седмично. Доколку патите од некоја болест, претходно консултирајте се со вашиот лекар.
Комбинацијата е одлична и за нормализирање на крвниот притисок и холестеролот во крвта.
Ѓумбирот и лукот се одлични во спречување на згрутчувањето на крвта (антикоагуланти), а кога се јадат заедно претставуваат одличен одбранбен штит против мозочен удар и срцев инфаркт.
На ова во прилог сведочи и истражувањето во кое учествувале 85 лица со зголемен крвен притисок и висок ниво на холестерол во крвта. Во текот на 45 денови добивале по 3 грамови ѓумбир во прав, трипати дневно.
Анализите покажале дека кај сите лица било забалежано значително намалување на крвниот притисок, во однос на претходните мерења. Исто така, се дошло до податоци кои покажуваат дека холестеролот бил доведен во нормални граници, а особено добриот ХДЛ бил во оптимална состојба.