Вечерва уживам во оваа чоколадна торта со боровинки…Совршена комбинација од чоколадо и кремаст фил од боровинки…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
5 жолчки
1 прстофат сол
60 г (4 лажици) шеќер
40 г (3 лажици) какао
45 г (3 лажици) вода
80 г (1/2 чаша) брашно
1 лажица пченкарен скроб/нишесте/густин
1 лажичка прашок за печиво
5 белки
60 г (4 лажици) шеќер
калап 28х18 см
се пече 25 минути на 180 ℃ (356 ℉)

За крем:
2×9 г (3 лажички) желатин
2×60 г (4 лажици) ладна вода
600 г (2+1/4 шолји) крем сирење
240 г (2 чаши) шеќер во прав
500 г (5 чаши) боровинки
60 г (4 лажици) шеќер
2 лажици сок од лимон
2x 250 г (1 + 1/4 чаши) слатка павлака
3 г (2 лажички) желатин
20 г (1 лажица + 1 лажиче) ладна вода
Оставете во фрижидер 3 часа

ПОСТАПКА:

1.Јајцата изматете ги со шеќер, па промешајте ги со какао. Додајте вода, промешајте, па сипете го просеаното брашно помешано со скроб и прашок за печиво. Изматете додека сето да се соедини.

2.Настрана пенасто иззматете (со чисти и суви маталки) ги белките со шеќер додека да добиете цврст снег. Додајте го во претходната смеса и полека промешајте со шпатула за да остане пенлива.

3.Смесата сипете ја во подготвен калап (обложен со хартија) и печете 25 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади, па отсечете го врвот од пандишпанот и сомелете го во блендер.

Овој одличен колач со боровинки е совршено вкусен и мек, а исто така сочен и освежителен…

4.Желатинот растворете го во ладна вода и оставете го настрана да набабри. Во посебен сад измешајте го крем сирењето со шеќер во прав, па поделете го на два дела.

Во едниот дел сипете го желатинот (растопен во микробранова или на пареа) и трошките од пандишпанот.

5.Слатката павлака изматете ја со миксер додека да згусне, па додајте ја во филот и промешајте. Распоредете врз пандишпанот и израмнете.

Колач со боровинки за 5 минути…ќе ве освои и со мирис и вкус…Сѐ измешајте и испечете…

6.Боровинките ставете ги во широка тава и сипете ги со шеќер и лимонов сок. Гответе ги на умерена температура под капак и со повремено промешување, 7 минути. Потоа процедете, а пулпата изблендирајте ја.

7.Во вториот дел од крем сирењето додајте желатин (исто како претходни), па изблендираните боровинки. На крај соединете со шлаг од изматена слатка павлака. Сипете во калапот и оставете да се олади во фрижидер 30 минути.

8.Во процедениот сок додајте желатин, промешајте и сипете врз тортата. Оставете да се стегне во фрижидер најмалку 3 часа пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.