Таблетите за машинско перење на садовите се исклучително добро средство за чистење, а можат да ви бидат од голема корист, иако дома немате машина за садови. Малкумина знаат, но тие може да се користат за отстранување на непријатниот мирис и тврдоглавата нечистоја во тоалетот, особено жолтите дамки.
Чистењето на тоалетот честопати е вистински предизвик. Кога тоалетната школка ќе пожолте и кога традиционалните методи не успеваат, посегнете по овој производ. Ставете ја таблетата за миење садови во тоалетот и почекајте да се раствори.
После тоа темелно истријте ја целата површина со помош на тоалетната четка. Нечистотијата ќе исчезне заедно со непријатниот мирис. Ако тоалетот е многу валкан, почекајте неколку часа и потоа започнете со чистење. Можете дури и да ја оставите таблетата за машинско миење садови – преку целата ноќ.
Како што споменавме на почетокот, таблетата за миење садови има многу повеќе намени од оригиналната. Тоа е универзален производ кој вреди да се има дома. Со негова помош, можете, на пример, да ја исчистите машината за перење.
Само вметнете една или две таблети во барабанот и вклучете ја со поставување на висока температура (најмалку 60 степени C.). Се разбира, да нема облека внатре. Овој третман ќе ги отстрани непријатните мириси, како и остатокот од бигорот во барабанот.
Таблетата може да ви помогне и да ги исчистите загорените садови или валканата печка. Растворете ја во топла вода и натопете ги закоравените дамки.
Таблетите за перење садови содржат избелувач како активна состојка, па од тие причини пожелно е рацете да ви бидат заштитени додека ракувате со неа. Земете една чинија или чаша и наполнете со топла вода. Има два начини на користење, но повеќето го користат вториот.
Според првиот начин, ставете ја таблетата во топла вода, но не ја отпакувајте. Потребно е да постигнеме нејзино омекнување, а да не ја растворите во водата. Почекајте неколку минути додека да омекне, па отворете ја и користете ја. Но, можете и веднаш да ја користите: едноставно кратко (една секунда) потопете ја во топла вода и започнете со чистењето.
Со омекнатата таблета изрибајте ја вратничката од рерна. Потоа продолжете да го чистите стаклото со истата таблета, сè додека да се растопи. Кога еднаш ќе ја исчистите целата стаклена површина, избришете ја со хартиена салветка.
Отако ќе ја отстраните грубата нечистотија, завршете го чистењето со една влажна крпа за да се отстранат остатоците од таблетата. Резултатот ќе ве воодушеви. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.