Тврдата столица може целосно да го затвори излезот од дебелото црево, па во таа состојба не е возможно спонтано празнење. Поради тоа многумина користат омекнувачи (лаксативи) кои го потпомагаат празнењето на цревата. Оваа состојба понекогаш може да биде и многу болна, но и непријатна.
При оваа состојба може да пробате најразлични природни лаксативи кои можат да ви помогнат при празнењето. Доколку не се работи за некои посебни нарушувања и здравствени состојби, односно ако е само функционално пореметување, најлесниот начин да го решите овој проблем е со вежбање.
Со физичка активност ќе се опуштите и на најдобар начин ќе ги раздвижите цревата и ќе го доведете во ред варењето на храната. Ќе ги споделиме со вас најефикасните вежби кои можат да ви помогнат доколку страдате од запек, но запомнете дека секаков вид физичка активност може да има ефект.
Секоја физичка активност која припаѓа на кардио вежбите ефикасно ќе ви помогне да го решите проблемот со запек. Тоа се случува затоа што ваквите вежби поттикнуваат дополнително пумпање крв во телото и стимулација на цревата.
Со кардио вежбите одлично е што не сте ограничени на една физичка активност и можете да изберете која сакате, во зависност од вашите желби и можности. Кардио вежбите кои би можеле да ги правите доколку имате проблем со запек се следните:
брзо одење, трчање, возење велосипед, танцување, пливање.
Овој тип на вежбање е одличен начин за ослободување од стресот, кој често може да биде причина за хроничен запек. Каков тип на вежбање и да одлучите да правите е во ред, но не треба да правите исцрпувачки тренинзи кои ќе ви одземат премногу време, доволни се 25-30 минути дневно.
Друг одличен начин за движење на цревата и против запек е да вежбате јога. Различни јога вежби можат позитивно да влијаат на вашиот дигестивен тракт и да ви помогнат да го регулирате варењето и надуеноста на стомакот.
Мускулите на карлицата се наоѓаат на дното на карлицата и го вклучуваат вашиот мочен меур и цревата. Ако овие мускули се слаби, може да имате проблем со работата на цревата, а со тоа и со запек.
Затоа е важно да вежбате и да ги зајакнете овие мускули, така што вашите црева ќе функционираат правилно. Една од наједноставните вежби за зајакнување на мускулите на дното на карлицата е следната вежба:
Седнете на подот во пријатна положба. Свиткајте ги колената кои треба да бидат во ширина на рамената. Стиснете ги мускулите околу задниот отвор колку што можете поцврсто. Држете ги згрчени мускулите 5 секунди, а потоа отпуштете ги 10 секунди.
Повторете го ова 5 пати. После тоа, направете го истото, но стискајте ги мускулите со помал интензитет. Повторете 5 пати. На крајот, стискајте ги мускулите што е можно побрзо и посилно што е можно повеќепати, додека да се изморите.
Консултирајте се со вашиот лекар по избор за започнување со додаток на магнезиум. Овој минерал може да има лаксативно дејство и ќе ги ублажи симптомите на запек.
Јадете една лажица кокосово масло секое утро за да ги намалите симптомите на запек и да го подобрите варењето. Прочитајте: Ова ги празни цревата за 6 часа и темелно ги чисти како под силен млаз – напиток од 2 состојки – ОВДЕ.