Започнува сезоната на грипови и вирози. Децата се една од најранливите категории, бидејќи во градинките и училиштата владеат вируси.
Сепак, можете да дејствувате при првите знаци на настинка, како што објаснува московскиот педијатар-отоларинголог, проф. д-р Татјана Гарашченко, која ги советува родителите да им помогнат на своите деца со примена на едноставен, природен лек.
Овој антивирален раствор можете да го користите и за себе, не само кај децата.
Како што пренесува magicnobilje.rs, нејзиниот совет е дека е доволно да се измеша една капка сок од црвен кромид со пет капки вода (која е претходно сварена и изладена или пак, дестилирана).
За да направите сок од кромид, исчистениот кромид треба да го сомелете во каша и потоа да го исцедите сокот низ двојна, стерилна газа.
Со претходно направена консултација со вашиот педијатар и лекар можете да капнувате од овој раствор во носот на детето, особено ако настинката трае подолго.
Една до две капки во секоја ноздра (во зависност од возраста на детето), еднаш до трипати на ден.
Ако детето не е на возраст кога можете да му капнувате, користете спреј за нос или капнете го растворот на тесно памучно стапче како она од стапчето за уво (се разбира без стапчето).
Потоа ставете го и исцедете го сокот и веднаш извлечете го. За сето ова побарајте инструкции и објаснување од вашиот лекар. По сето направено, треба да очекувате обилен исцедок од носот:
„Не плашете се од обилниот исцедок од носот: ние дури и го третираме синузитисот на овој начин. Носот се чисти и се ослободува од бактерии и вируси“, вели д-р Татјана Гарашченко.
Инаку, црвениот кромид делува како антиоксиданс, во согласност со содржината на феноли и флавоноиди, а ефектот слабее од надворешните мембрани кон внатрешните, што значи дека јадрото на кромидот содржи најмногу од овие здрави материи. Повеќе ОВДЕ.