Веќе не купувам сладолед…Рецепт за ТУРСКИ СЛАДОЛЕД од само 3 состојки, без јајца…вкусно и освежително…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар полномасно млеко
140 г скроб/нишесте/густин
400 г кондензирано млеко

1.опција за вкус:
100 мл мелени ореви
100 г суво грозје (натопени и исцедени)

2.опција за вкус:
2 лажици какао
50 г рендано чоколадо

*Можете да користите различни опции за вкус по ваш избор. Ако немате кондензирано млеко, лесен и брз рецепт како да го направите, прочитајте ОВДЕ.

ПОСТАПКА:

1.Одвојте една чаша млеко, а остатокот (800 мл) сипете го во тенџере и ставете на оган да зоврие. Во 200 мл млеко (одвоениот дел) додајте го скробот и промешајте за да нема грутчиња.

2.Густинот сипете го во врелото млеко и варете со непрекинато мешање додека да згусне, исто како пудинг.

3.Кога ќе згусне додајте го кондензираното млеко и продолжете со мешање за да се изнкорпорира во густиот крем.

4.Кремот тргнете го настрана и оставете го да се олади со повремено мешање, за да не се формира коричка.

5.Поделете го на 2 дела за да добиете два вкуса: во едниот додајте мелени ореви и омекнато суво грозје, а во другиот дел сипете какао и рендано чоколадо.

6.Смесите распоредете ги во соодветни кутии и оставете ги во замрзнувач 2 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.