Многу сакал да си игра со нивната ќерка, бил многу послушен и многу брзо учел сè што го подучувале. Но, една вечер, забележале нешто многу чудно…
Едно семејство одлучиле да вомат куче, а во истиот миг штом го зеле, тоа им ја возвратило љубовта. Многу сакал да си игра со нивната ќерка, бил многу послушен и многу брзо учел сè што го подучувале.
Но, една вечер, забележале нешто многу чудно. Сфатиле дека нивниот миленик не спие навечер, туку седи пред нивната соба и ги посматра. Тоа се повторувало секоја вечер и не знаеле што да прават.
Го одвеле на ветеринар, каде после прегледот се утврдило дека кучето е целосно здраво. Потоа се вратиле во азилот од каде го зеле кучето и таму разбрале за неговата страшна животна приказна.
Дознале дека некогашните сакани сопственици, една вечер без никаква причини, во текот на ноќта го одвеле таму и повеќе никогаш не се вратиле.
Кучето во тој миг било цврсто заспано, а кога се разбудило сфатило дека останало без своето семејство од кое не успеало ниту да се збогува.
Кога ја слушнале оваа тажна приказна, се расплакале и одлучиле да ја вратат довербата која кучето ја изгубило.
Го ставиле неговиот кревет крај нивниот, за да му покажат дека го сакаат во својата близина. После неколку недели, кучето конечно цврсто заспало и оттогаш неговиот страв никогаш не се вратил. Целата сторија можете да ја погледнете во видеото: