„Здраво драги мои пријатели. Мило ми е што денес можам да споделам уште еден рецепт од тетратката на мајка ми. Едноставен старомоден колач со состојки кои најчесто ги имаме дома. Верувам дека ќе ви се допадне, затоа не пропуштајте без да го пробате овој рецепт. Навистина ви треба толку малку време за подготовка и минимум состојки“, вели Валентина.

Колачот е повкусен и од мраморниот колач, а има и помалку труд бидејќи колачот се подготвува од една смеса. Со сигурност потврдувам дека не сум пробала посочен колач, при секое одвојување со лажицата, тече од чоколадниот фил, фантазија. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 чаша шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 1 чаша млеко, 1/2 чаша масло, 1 чаша брашно, 1 чаша гриз, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА ПРЕЛИВ: 2 чаши млеко, 1 чаша шеќер, 2 лажици инстант кафе (нескафе), 200 г чоколадо. Како мерка се користи чаша од 200 мл.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад измешајте ги состојките за основата на колачот. Најпрво во садот скршете три јајца и малку измешајте ги со обична жица/маталка. Додајте 1 чаша шеќер и повторно промешајте, овојпат малку поенергично додека шеќерот да се растопи во јајцата. Додајте 2 кесички ванилин шеќер, па постепено започнете да додавате 1 чаша млеко, додека константно мешате со жицата.




Додајте 1/2 чаша масло, па 1 чаша брашно, измешано со 1 кесичка прашок за печиво. Соединете го брашното и прашокот за печиво во смесата додека таа да стане мазна и еднолична, да нема грутчиња. На крајот прелијте со 1 чаша гриз и повторно добро соединете додека да се добие малку погуста смеса. Оставете ја смесата да отстои 15-20 минути на собна температура.




Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени, а по изминатото време, излејте ја смесата во обичен, набрашнет или намастен плех или обложен со хартија за печење. Колачот се пече околу 30-тина минути, со повремено проверување. По печењето, колачот мора да се олади.




ЗА ПРЕЛИВОТ: Преливот го подготвувам откога колачот целосно ќе се олади на собна температура, некогаш го оставам да се лади по 1 и пол час или два. Во едно помало тенџере измешајте 2 чаши млеко, 1 чаша шеќер, 2 лажици инстант кафе и 200 г скршено чоколадо.




Соединувајте ги состојките на рингла додека чоколадото да се растопи, а млекото да почне да зоврива. Потоа тргнете го тенџерето од рингла, а преливот треба да биде со течна конзистентност, да не биде многу згуснат. Пред да го прелиете преливот преку колачот, можете да го исечете на коцки за преливот да хидрира подеднакво низ целиот колач.




Прелијте го врелиот прелив преку ладниот колач и оставете 1-2 часа убаво да продре. Доколку сте трпеливи, колачот може да го оставите и преку цела вечер, покриен под крпа. Пред послужување, колачот наросете го со мелена плазма или мелен кокос (со плазма е повкусен). Послужете го со шолја кафе.




Коментар на читателка: „Најмногу ги сакам твоите рецепти, секогаш излегуваат вкусни, не се комплицирани. Објаснувањето на постапката е едноставно и лесно, а практично е што колачот се мери со чаша. Јас го правев за децата, излезе феноменален и веднаш се изеде. Колачот излегува навистина голем, а за вкусот немам зборови.“ Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.