Вазелинот е еден од производите кои често се потценуваат, иако овој евтин и едноставен гел може многу да направи за секого од нас.
Претставува основа за многу скапи креми, но дали знаевте дека вазелинот може да се користи и за следниве работи?
Еве за што се’ овој евтин производ може да послужи:
1.Долготраен мирис на парфемот
Пред да се испрскате со вашиот омилен парфем, намачкајте се со малку вазелин на местата на кои ќе се испрскате. Парфемот нема толку брзо да испари како порано.
2.Совршени веѓи
Доколку имате„нескротливи веѓи“, намачкајте тенок слој вазелин врз нив и вашите веѓи ќе станат послушни.
3.Испукани усни
Вазелинот е еден од најдобрите хидрирачки средства па слободно можете да го користите и како „лабело“. Вашите усни ќе бидат негувани, хидрирани и сензуални.
4.Преубави долги трепки
Доколку сакате вашите трепки да бидат долги и негувани, искористете стара четка од маскара која претходно сте ја измиле, и намачкајте ги трепките со четката на која сте нанеле тенок слој вазелин. Повторувајте ја постапката неколку дена по ред, промената е загарантирана. Напомена: претходно извадете ја шминката.
5.Меки стапала
Вазелинот е одличен за нега на испукана и оштетена кожа воопшто, па ако го имате тој проблем со кожата на стапалата, вазелинот е вистинското решение за вас. Совет: кога ќе ги намачкате стапалата, обујте чорапи за да може подобро и подолго да делува.
6.За отстранување на шминката
Доколку имате чувствителна кожа и реагирате на препаратите за отстранување на шминката, вазелинот е вистинското решение за вас. Овој производ не само што нема да ви предизвика реакција, туку е одличен и за отстранување на шминка која обично потешко се отстранува.
7.После депилација
Ако кожата после депилација ви е иритирана и црвена, намачкајте ја со вазелин и оставете тој да се впие. Црвенилото ќе исчезне.
8.Испукани врвови
Ако врвовите од косата ви се оштетиле, а вие не сакате да ја скратите нејзината должина, намачкајте ги врвовите со малку вазелин, и на тој начин, привидно ќе се прикријат оштетените делови.
9.Дамки од кармин или фарба за коса
Случајно се извалкавте со крамин или ви капнало од фарбата за коса? Нанесете малку од вазелинот врз дамката, протријте и таа веднаш ќе исчезне.
10.Ставање обетки
Понекогаш ставањето обетки ви е болно? Намачкајте ги дупчињата со малку вазелин, и болката ќе исчезне.