Денес ќе ви го покажеме најлесниот метод за чистење на оревовите јатки од нивните лушпи, а потоа ќе ви презентираме и рецепт за еден многу лесен, а истовремено многу вкусен десерт..

Познато е дека оревовата лушпа е многу цврста, па за да се скрши потребни се посебни алатки или голема сила во рацете. Со помош на овој метод, лушпата омекнува и многу лесно се кpши.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за десертот): 1 чаша пченичен скроб, 1 чаша шеќер (200 г), 6 чаши вода (1,2 литар) + 1,5 чаша вода, 1/3 лажичка куркума, 200 г ореви. ЗА ГОТВЕЊЕ НА ОРЕВИТЕ: Широко тенџере, зовриена вода, ореви во лушпа кои ја покриваат површината на садот во еден слој.




ПОСТАПКА: Во едно длабоко тенџере ставете вода на оган, па доведете до зовривање. Штом зоврие истурете ги оревите во лушпа, но внимавајте да не го преполните тенџерето, туку дуку тие да бидат во еден, максимум два слоја.




Ќе забележите дека тие не потонуваат, туку лебдат на површината. Варете ги пет минути со повремено промешување за да можат од сите страни подеднакво да се натопат. Потоа внимателно вадете ги со решткаста лажица.




„Сварените“ и исцедени ореви во лушпа оставете ги да се оладат, а потоа исчистете ги. Ќе забележите дека многу лесно се крши лушпата, а јатките претежно излегуваат како цели половинки.




Одвојте го во посебна чинија целосните јатки, а останатите изрендајте ги или ставете ги во блендер/сечко и сомелете ги. Не треба да се многу ситно сомелени, може да има и покрупни парчиња.




Во едно тенџере ставете 1,2 литар вода (6 чаши од 200 мл) и ставете на оган да зоврие. Во посебен сад измешајте една чаша скроб/нишесте, 1,5 чаша вода (300 мл) и добро изматете со жица маталка додека да се изедначи смесата и да нема грутчиња.




Потоа додајте третина лажичка куркума во прав, промешајте и полека додајте во тенџерето со водата која врие. Гответе со непрекинато мешање околу 6-7 минути, на умерено тивка температура. Потоа додајте 200 г шеќер и мешајте додека да се растопи.




Заедно со шеќерот варете уште 4-5 минути со непрекинато мешање. Смесата излејте ја во чинии, а одозгора наросете ги мелените ореви во вид на попречни ленти, а во секое празно квадратче ставете по една половина јатка. Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.