Потребни состојки:

2 рамни супени лажици шеќер

200 мл вино

50 мл вода

1 лажичка црн пипер (а може и цимет)

Постапка:

Запржете една супена лажица шеќер, па кога ќе пожолти додадете вода. Проварете додека шеќерот да се растопи.

Потоа додадете 1 супена рамно наполнета лажица шеќер, промешајте и овој шеќер да се растопи, па додадете вино и загрејте го додека да почне да пени, па тргнете од оган. НЕ ТРЕБА ДА ПРОВРИЕ.

Во една чаша ставете лажичка црн пипер и загреаната лажица со која претходно мешавме, па додадете го виното. Топлата лажица се става за да не пукне чашата, и да не излади брзо виното

Вака приготвеното вино е лек против настинка, а како лек за висок притисок и хипотермија се додава цимет.

За да не ве опие виното, задржете го здивот додека чашата ја приближувате кон устата. Алкохолните испарувања кои се вдишуваат побрзо доспеваат во крвта, па затоа побрзо опиваат.

Настинатите лица веќе имаат променето сетило за мирис, па така црниот пипер не би требало да претставува проблем.

На здравје!