Пченицата води потекло од југозападна Азија и одамна се користи во исхраната речиси во сите култури во светот. Но, дали знаевте дека пченицата се смета за природен лек поради состојките кои ги содржи? Пченицата пред се’ се смета за најважна и најпозната билка затоа што производите од печница сочинуваат третина од исхраната на сите нации во светот.

Пченицата содржи витамини, минерали, шеќер, скроб и хормони. Варената пченица е многу богат природен извор на витамини од Б-комплексот и витамин Е. Кога станува збор за минерали, во пченицата се најзастапени цинкот, манганот, магнезиумот и селенот. Токму благодарение на селенот, варената пченица како лек е идеална за здравјето на срцето и крвните садови. И не само тоа, готвената пченица како лек може да се користи за многу други здравствени тегоби како што се проблеми со желудник, хроничен умор, проблеми со циркулацијата, разни кожни заболувања, дефицит на витамини и др.

Покрај тоа, варената пченица благотворно делува на цревата, па затоа е добра за дигестија, спречува подување, опстипација, појава на хемороиди, а добра и како превенција од рак на дебело црево.

Лековитоста на готвената пченица се огледува во тоа што со редовна консумација на готвена пченица значително се намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2. Со консумирање на готвена пченица неколку пати во текот на неделата ќе се чувствувате подобро и ќе бидете поздрави. Има моќ да го регулира нивото на холестерол и триглицеридите во крвта и го одржува оптимално нивото на крвниот притисок, и на тој начин го чува кардиоваскуларниот систем. Со оглед на тоа што содржи беатин, варената пченица помага при ублажување и лекување на бројни хронични воспаленија во организмот.

ВАРЕНА ПЧЕНИЦА: КАЛОРИИ И НУТРИТИВНА ВРЕДНОСТ

Пченицата е многу богат извор на бета каротен, витамин Е, калиум, магнезиум, фосфор и железо. Во споредба со други житарици, пченицата има наголем процент на протеини. Во 100 г готвена пченица се содржат околу 150 калории, 13 г белковини, 2,5 г масти и 70 г јаглени хидрати. Што се однесува до мастите, тие се наоѓаат во ’ркулците на пченицата, додека минералните состојки се наоѓаат во обвивката на самото зрно. Затоа е најдобро да се консумира интегрално варено жито.

ДАЛИ ДЕБЕЛЕЕ ИНТЕГРАЛНОТО ВАРЕНО ЖИТО

Одговорот е не! Варената пченица не само што поволно влијае врз вашето здравје, туку ќе направи да имате и потенок струк. Дури, постојат некои разноразни диети кои се базирани токму на интегрално варено жито, бидејќи варената пченица е идеална за слабеење. Пружа ситост и тоа дури и ако ја јадете во мали количини. Многу е хранлива, па ќе немате голема потреба да јадете други намирници, бидејќи самата пченица ви нуди доволно нутриенти и енергија кои ви се потребни за правилно функционирање.

Диетата со варена пченица пред се’ ја обновува и поттикнува активноста на дигестивниот тракт, го снабдува организмот со потребни витамини, минерали, целулоза, биоактивни супстанции и хранливи влакна. Готвената пченица за слабеење во комбинација со минерална негазирана вода, зелен чај и свежо цедени сокови помеѓу оброците, е идеална за оние кои сакаат да се ослободат од вишокот килограми, а покрај тоа ќе го подобрат и изгледот на својата кожа.

КАКО СЕ ВАРИ ПЧЕНИЦАТА?

Ако се прашувате како да ја сварите пченицата, одговорот е многу едноставен.
Најдобро е пченицата да ја потопите преку ноќ да отстои во вода за побрзо да се свари следниот ден, но ова не е неопходно. Можете да ја варите и без претходно натопување.

ВАРЕНА ПЧЕНИЦА РЕЦЕПТ:

Потребни состојки:

250 г пченица

800 мл вода

1 рамна лажичка сол (по желба)

Прво добро исчистете ја пченицата, измијте ја под млаз ладна вода, па потопете ја да отстои преку цела ноќ за да омекне. Кога пченицата ќе преноќи, ставете ја во шерпа, додадете сол и налејте со вода. Поклопете и гответе на умерена температура да проврие. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и оставете така да се готви уште околу еден час, односно, додека целосно да омекне.

ВАРЕНА ПЧЕНИЦА СО МЛЕКО И ОРЕВИ

Варената пченица можете да ја јадете во комбинација со други намирници. Еден од таквите рецепти е пченица со млеко и ореви.

Потребни состојки:

Пченица (количина по желба)

Сечкани ореви (количина по желба), може и лешници или бадеми, по ваша желба

Мед

Млеко

Постапка:

Пченицата добро исчистете ја и потопете ја во вода да преноќи за да омекне и побрзао да се свари. Следниот ден процедете, па повторно налејте со вода и ставете на умерен оган да се вари поклопено. Кога ќе проврие, намалете ја температурата, па оставете да се вари додека целосно да омекне. Процедете, додадете мед и сечкани ореви, па промешајте. На крај натопете со млеко и ќе добиете здрав, домашен и вкусен десерт.

ВАРЕНА ПЧЕНИЦА ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИ

Кога станува збор за варена пченица за дијабетичари, таа се препорачува исклучиво за оние кои имаат тенденција да добијат дијабетес тип 2, бидејќи консумирањето варена пченица во препорачаните дози може значително да го намали ризикот од појава на дијабетес тип 2.

НУСПОЈАВИ

Иако лековитоста на варената пченица не се доведува во прашање, сепак треба да имате на ум дека таа може да предизвика алергиски реакции на глутен. Варената печница содржи оксалати кои може да доведат до појава на камен во бубрег или жолчка, но до тоа може да дојде само ако секој ден јадете варена пченица во подолг временски период. Со умерено консумирање на варена пченица (2-3 пати неделно) ќе го подобрите општото здравје на вашиот организам.