Ова е вистинско решение за сечиј вкус. Ако сте љубители на навистина добро и вкусно печиво, тогаш оваа комбинација според рецептот на Валентина, многу ќе ве воодушеви. Вакво домашно печиво не можете да најдете во ниедна пекарница. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г брашно, 1 коцка свеж квасец (40 г), 50 мл масло, 1 јајце, 1 мала лажичка шеќер, 2 мали лажички сол, 250 мл вода, 12 виршли (600 г). ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 1 јајце, 2 лажички зачинска црвена пипер во прав




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад за месење ставете 600 г брашно, направете вдлабнување и додајте една лажичка шеќер, изронете го квасецот, па прелијте го со 50 мл масло и едно јајце кое претходно отстојало на собна температура.




Две лажички сол наросете од страните на брашното. Тестото можете да го замесите со млеко или вода на собна температура, а во овој случај Валентина користеше вода. Замесете го тестото со постепено додавање на водата која ќе ви биде потребна приближно 250 мл.




Кога ќе добиете компактно тесто, истресете го на набрашнета работна површина, па добро изработете го додека да стане еластично и да не се лепи за рака, средно меко по цврстина. Кога сето брашно ќе го впие, површината намастете ја, па доработете го за да добие мазна површина.




Тестото поделете го на 12 приближно еднакви делови, а секој дел обликувајте го во топче. Формираните топчиња наредете ги на намастена подлога, малку намастете ги одозгора, па покријте ги со кеса или проѕирна фолија и оставете ги да одморат 10-15-тина минути.




Подготовка на виршлите: од двете страни на виршлата поставете две стапчиња за ражнич, а потоа сечете ја виршлата колку можете поситно на прстенчиња, но не до крај, туку само до каде што дозволуваат стапчињата. На овој начин виршлата ќе можете да ја свиткате во круг без да се cкрши.




Потоа земете едно тесто, со оклагија развлечете го во тенка кора. Половината исечете ја на тенки ленти но не до крај (како за изглед на гасеница), а на другиот крај поставете ја виршлата. Поклопете ја со тестото и свиткајте во ролат, а потоа формирајте го ѓевречето.




Формираните ѓевречиња наредете ги во намастен плех, обложен со хартија. Одозгора премачкјате ги со изматено јајце и црвен пипер во прав (или само со јајце и малку масло или млеко). Оставете ги да стасуваат уште 20 минути.




Потоа вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, па ставете ги да се печат кога добро ќе биде вжештена. Се печат приближно 20-25 минути или во зависност од рерната. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.