Компирот е вкусна и евтина намирница, лесно достапна ако треба брзо да нахраните поголем број луѓе.
Помфритот не е здрав затоа што се пржи во длабоко масло, па затоа пирето од компири е одличен избор доколку сакате вкусно и здраво јадење од компир.
Но, повеќето се жалат дека пирето им излегува со грутчиња, со некој „гумен“ вкус или едноставно, не им е доволно вкусно, и не наликува ни најмалку на оние кремасти совршенства што ги гледаме на популарните ТВ емисии од областа на кулинарството.
Пирето е едно од најчестите приготвувани јадења и совршено одговара како прилог со речиси секое друго јадење, па дури и со разни сосеви.
Професионалните готвачи велат дека сè започнува кога започнувате со подготовката на компирите, а сè уште не сте ги ставиле ниту да се готват во врелата вода.
Повеќето професионални готвачи не ги лупат компирите бидејќи лушпата содржи витамини, но и вкус.
Нивната тајна за вкусен компир е нивното готвење во супа. Колку и да ви звучи неверојатно, но да, точно е тоа.
Во водата во која ги варите компирите додајте коцка од пилешка или говедска супа, а компирот ќе ги апсорбира сите зачини од неа и ќе биде многу повкусен!
Кога компирот ќе се свари, следниот трик е да додадете малку путер и млекото и убаво да го изматите со миксер додека сите состојки да се соединат и да добиете совршено вкусно и кремасто пире.
Kога во пирето ќе ги додадете овие ТРИ ТАЈНИ СОСТОЈКИ – тоа ќе стане специјалитет на кој никој не може да му одолее!
Компир пирето покрај помфритот е најчестиот прилог во различни јадења на нашите трпези, а секоја домаќинка има свој посебен трик за приготвување на овој специјалитет.
Најдобрите француски готвачи велат дека кога во него ќе додадете три тајни состојки тоа ќе стане првокласен специјалитет на кој никој не може да одолее.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компир, 500 г рендан кашкавал (или по вкус, најмалку 200 г), 2 чешниња лук, 30 г путер (или масло по ваш вкус), 1 лажица павлака, сол, црн пипер.
ПОСТАПКА: Сварете го компирот, процедете го и оставете го неколку минути малку да подизлади. Потоа додајте ситно сечкано лукче, па изматете го компирот во пире.
Додајте путер и павлака и матете додека да се растопат. Потоа додајте рендан кашкавал и матете го со лажица додека да се соедини со пирето и добиете еластична смеса.
Ако ви се чини дека пирето е густо, разредете го со постепено додавање на топло млеко во тенок млаз додека непрекинато го матите со миксер. Зачинете и сервирајте по желба.