Комерцијалните коцки содржат 50 проценти сол, додека овој рецепт користи само десет проценти. ВАКА СЕ ПРАВАТ ДОМАШНИ КОЦКИ ЗА СУПА: Поздрави и повкусни, а брзи и лесни за подготовка
Коцките за супа се едни од омилените состојки на многу готвачи – освен што се користат за брзинска „супа од кесичка“, одлични се и за многу други јадења во кои обично се користи булјон или наместо сув зачин што го ставаме во речиси секое јадење.
Добро е секогаш да ги имате во фрижидер, а доколку сакате поздрава верзија без адитиви и засилувачи на вкус, ви претставуваме феноменален рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4-5 моркови, анасон, корен од целер, стапче и неколку листови целер, пашканат, корен од магдонос, праз, келераба, две тиквички, две рамни лажички куркума, магдонос, маслиново масло, сол.
ПОСТАПКА: Измијте го и исушете го зеленчукот. Не фрлајте ништо, ако сакате да го добиете оригиналниот вкус. Во тава загрејте маслиново масло и додајте ситно сечкани моркови.
Поклопете и динстајте на тивок оган додека го сечкате празот. Сечкајте ги една по една сите намирници и додавајте ги во тавата, освен тиквичките и магдоносот. Варете сè заедно уште 20 минути.
Сега додајте ги тиквичките и динстајте уште 5 минути, па на крајот додајте го сечканиот магдонос. Промешајте, поклопете и оставете да отстои десет минути.
Подгответе некој сад и вага. Многу е важно да ја измерите смесата, за да знаете колку сол да додадете. Комерцијалните коцки содржат 50 проценти сол, а во овој рецепт користиме 10 проценти.
Доколку сакате посолено јадење и поинтензивен вкус, ставете повеќе коцки во садот. Значи, ако сте добиле 1500 грама, ставате 150 грама сол. Сега додајте ја куркумата и испасијате ја целата содржина со рачен блендер (или обичен, статичен).
Сипете ја смесата врз хартијата за печење и формирајте правоаголник. Израмнете и ставете во замрзнувач неколку часа.
Извадете, засечете површински со нож како да ќе го исечете на коцки (колку да се обележат коцките), па вратете го во замрзнувач до следниот ден.
Исечете ги коцките целосно следниот ден и ставете ги во кеси за замрзнување, каде што ќе ги чувате. Целата постапка погледнете ја во видеопрезентацијата ОВДЕ.