Потребни состојки:
1 поголемо авокадо (или 2 помали)
1 поголема банана (или 2 помали)
100 г мелени лешници (може и ореви)
2 мали лажички какао
1 лажица кокосово масло
1 лажица мед (може како замена 2 лажици јаворов сируп)
150 мл овесно, оризово или друго растително млеко (а може и вода).
Постапка:
Сите состојки се ставаат во блендер и се миксира додека да се соединат сите состојки.
Се послужува како пудинг или во комбинација со некое овошје, банана, портокал…
Повкусен е од било кој друг пудинг што досега сте го јаделе а воедно е и многу здрав, без шеќер, без глутен, овошен богат со здрави масти, витамини и минерали.