Проверено. Упорната кашлица и бронхитот исчезнуваат како со рака однесени. Истиот ден штом почнете да го користите златниот мед ќе почувствувате олеснување. За разлика од синтетичките антибиотици, овој лек нема негативни ефекти врз цревната микрофлора.
Одличен е како антибиотик и за мирен сон. Ако имате проблем со спиењето, пред да си легнете во топло млеко додадете 2 лажички златен мед, испијте го уште додека е топло и ќе заспиете како бебе.
Потребни состојки:
100 г мед (квалитетен, домашен)
1 полна лажица куркума (пакувана од проверен производител, не рефус)
Постапка:
Во 100 г мед додадете една полна лажица куркума во прав. Добро промешајте и складирајте во мала тегличка.
Употреба:
Првиот ден: на секој еден час по половина лажичка
Вториот ден: на секои два часа по половина лажичка
Третиот ден: трипати дневно по половина или цела лажичка.
За мирен сон: пред спиење во топло млеко додадете две лажички златен мед.
Совет: ако имате проблем со жолчно кесе треба да се посоветувате со лекар.