Постот е востановен од Бога со заповедта дадена на првите луѓе во земниот Рај – да не јадат од дрвото за познавање на доброто и злото (1. Мој. 2, 17). Преку неа Бог сакал уште на самиот почеток да ги научи луѓето на послушание и воздржување.
И нашиот Спасител, Господ Исус Христос, пред да започне со Своето искупително и спасително дело за човечкиот род, постел 40 дена (Мт. 4, 2), сакајќи со тоа да им остави поука и на Неговите следбеници да постат.
Следејќи го примерот на Господ Исус Христос, светата Православна Црква уште од апостолско време одредила за своите верници пост, го определила времето на постот и која храна да ја јадат христијаните за време на постот.
Отец Гаврил: Петровденски (Апостолски) пости
Секој ден е благословен од Господа, а особено посните денови кои се за зголемување на нашата духовна будност и внимание над срцето и негово чистење од страстите.
Постот и молитвата ни се голем дар Божји, без кој за нас луѓето нема обожување и спасение. Тие се наше благодатно учество во Крстот Христов, па затоа и во Неговото Воскресение.
Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил во Црквата Самиот Господ, Богочовекот Исус Христос, преку севкупниот Свој живот во тело меѓу нас луѓето.
Свети Јован Златоуст вели: „Кога ќе слушнете за постот не плашете се од него како од страшен војвода: тој не е стра шен за нас, туку за лошите духови.“ Затоа и Христос вели: „Овој род се истерува само со пост и со молитва“ (Матеј 17, 21). Па тогаш, штом е постот толку страшен за нашите непријатели и ги про гонува, потребно е да го сакаме и радосно да го примиме, а не да се плашиме од него.
Започнува Петровденскиот или Апостолски пост, кој си има и свое правило на постење.
Востановувањето на Петровденскиот пост се однесува до првите времиња на Православната црква. За Црковното востановување на овој пост се спомнува во Апостолските правила:
„После Педесетница, празнувајте една седмица, а потоа постете; зашто справедливоста бара и да се радуваме по примањето на даровите од Бога, и да постиме после раслабувањето на телото“.
Овие пости се востановени во чест на светите Господови апостоли и пости вака:
Во среда и петок не се јаде масло и вино; Во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела масло, вино и риба.
Ако падне празник во понеделник, вторник и четврток, се дозволува масло и риба. Ако падне празник на помал светител во среда и петок се дозволува масло и вино. Ако е голем празник во сред и петок се допушта, покрај масло, и риба. Ако падне ден на црковна слава во среда и петок, се дозволува масло и риба.
Неговиот почеток е подвижен и зависи од празнувањето на Пасха (Велигден). Тој започнува една седмица по Педесетница, т.е. од понеделникот по Неделата на сите светии, а неговата должина варира од 8 дена до 6 недели.
Завршува на празникот на светите апостоли Петар и Павле (29 јуни/12 јули по нов стил). Меѓутоа, ако се падне среда или петок се ублажува на риба, но не и месо.
И да не забораваме дека според каноните (правилата) на Црквата, ако ги практикуваме правилно сите пости и вобдиме редовен и правилен духовен живот под духовно раководство на духовен Отец, со негов благослов, можеме да се причестуваме секоја недела. Лесен и благословен пост!
фото: crkvenikalendar.com