Празникот Василица претставува ден кој влегува во циклусот на божикните славења и се празнува на 14 јануари (I јануари според јулијанскиот календар). Bo периодот кога за календарски почеток на новата година бил прифатен датумот 1 јануари според грегоријанскиот календар, тогаш Василица почнале уште да ја викаат и Стара нова година.
Празникот Василица, во Македонија, во зависност од пределот се среќава под различни имиња, како на пример, Сурова, Сирова, Сурва, Суроа, Васуљица итн. Според своите карактеристики, овој празник најмногу асоцира на празник co народни обичаи и обредни активности кои се поврзуваат co Новата година.
Карактеристично за овој празник е што се паѓа во периодот на т.н. „Некрстени денови” кои започнуваат на Божик, а завршуваат на Водици. Според народното верување, некрстените денови го опфакаат периодот кога Исус Христос сè уште не бил крстен и ѓаволот заедно co своите соработници се обидувал да го излаже за да не се крсти.
Впрочем, кај народот постоело верување дека во текот на овие денови по земјата шетале најразлични лоши сили, вампири, караконџоли, самовили, вештерки и друго, кои имале за цел да им напакостат на луѓето.
Од тие причини, тие се обидувале да се заштититат од сите овие сили преку најразлични обредни активности поврзани co маскирани обредни поворки кои во различни делови од Македонија се срекаваат под различни имиња ако што се:
василичари, сурвари, суровари, сировари, сироваскаре, џамалари, џаламџии, џаламари, станченари, белјаци, бамбурци, бабари, ешкари. Bo основа, овие обредни поворки повторно се поврзуваат co полазеништвото.
Така, на пример, во Кратовско, според истражувањата на Зоранчо Малинов, се честитало co зборовите „Сурва, сурва, весела, догодина повесела”. Откако домаќините ќе им отвореле и тие ќе влезеле во куќата, тие co своите стапови чепкале во огништето co што повеќе го распламтувале огнот.
За тоа време водачот на групата кажувал благослови за куќата и за членовите на семејството, за стоката, за бериќет и за плодност. Обредноста, според Јеремие Павловик, што е поврзана co празникот Сурова, односно Василица, во некои предели, како на пример во Малешево, започнувала уште пред вечерата.
Така, доколку момчиња сретнеле некој постар човек, независно дали бил маж или жена, го потчукнувале по рамото, велејќи му „Сурова дедо”, односно „Сурова бабо”. Вечерта целото семејство се собирало на вечера, која имала обреден карактер.
Вообичаено, на трпезата имало посебни јадења, како што била „пихтијата , која се правела од ушите, јазикот и нозете на свињата. Исто така, била приготвувана и баница co свински црева. Bo некои предели, како што забележал Зоранчо Малинов, оваа баница ја носеле кај стожерот за да ја вртат околу него „за да вее ветер при вршидбата.
Во Разлошко, пак, вечерта спроти Василица била наречена „Сурова најатка”, бидејќи децата оделе на Сурова и co дренови гранки ги сурваскале возрасните, посакувајки им здравје во Новата година. Оваа вечер била придружена co мрсна храна, при што се правела и пита co паричка и co дреново гранче.
Постоело верување дека оној кој ќе ја најдел паричката ќе бил богат во претстојната година, а оној кој ќе го најдел гранчето ќе бидел успешен земјоделец и сточар. Во некои северномакедонски предели, како што се Козјачија и дел од Пчиња, co празникот Василица се поврзувал и еден обред на приготвување сварена пченка, која била наречена „бареница”, а се приготвувала co цел да и се однесе на мечката.
Всушност, во Козјачијата постоело верување дека на овој ден мечките се омечувале, па затоа луѓето им носеле повојници. Во тој контекст, домаќинката сама го изнесувала надвор садот co бареницата и по извесно време се враќала назад, притоа објаснувајќи им на децата дека мечката каснала малку и дека тоа што останало треба тие да го дојадат.
Може да се каже дека овој обичај претставува остаток од некогашниот култ кон мечката, па од тие причини во Козјачијата овој празник, според Зоранчо Малинов, уште се нарекувал „Васуљица – мечкина повојница.
Во истиот контекст и во пределот Пчиња, како што не информира Јован Хаџивасилевиќ, на овој празник се приготвувала „попареница”, односно сварено пченкарно брашно, кое потоа било испечено во тепсија. Дел од ова јадење било тргано настрана, за мечката, а преостанатиот дел им го давале на децата. Фотографиите користени во овој текст се од архивата на членките од групата НМД рецепти.