Рецепт за две пити:

1 квасец

1 лажиче шеќер

1 лажече сол

500 мл млеко

2 јајца

1 кг брашно +-

3 лажици масло

За фил:

50 г путер/маргарин или свинска маст

200 г рендано сирење

Постапка:

Од наведените состојки се замесува тесто со претходно активиран квасец, кисне, па се поделува на 4 дела за две пити.

Се сука кора во вид на круг, се премачкува со растопен путер па се поросува со сирење. Одозгора се поклопува со друга расукана кора и се спојуваат. Со чаша се бележи центарот во вид на мало крукче, само малку се притиска колку да се обележи центарот.

Потоа се сече во вид на сонце со 16 краци (види видео). Еден тријаголник се става врз другиот до него, така да се добијат вкупно 8 краци. Потоа се зема еден од дуплите тријаголници и се сучи, па се витка како полжав и се мести на средина од „сонцето“.

Следниот тријаголник исто така се сучи, но се става покрај првиот, и останатите исто така, да се добие цвет со 7 ливчиња (осмото останува во центарот). Вака спремната погача се остава да стасува околу 40 минути, па се пече на 170 степени. За повеќе детали погледнете го видеото.