Ајвелис Пејџ на 37 годишна возраст заболела од рак на дебело црево. Била во многу тешка здравствена состојба и ништо не и’ помагало.
Таа одбила хемотерапија и се свртела кон природната медицина. Го променила начинот на исхрана, јадела здрава храна, витамини, минерали, не внесувала шеќери.
Пиела само цедени, природни сокови, а билката која најмногу и помогнала е имела. Оваа билка има чудесна моќ бидејќи ги убива канцерогените клетки на ракот.
На изненадување на сите, ракот исчезнал и тоа во крајните фази од болеста.
Во новите клинички испитувања спроведени во Србија на 220 пациенти, покажало дека екстрактот од бела имела двојно го зголемува времето на преживување на пациентите заболени од рак на панкреасот. Резултатите се добиени кај пациенти кои имаат напредна форма на рак на панкреас кој метастазирал.
Германската регулаторна агенција и предходно ги одобрила инјекциите во кои се наоѓа екстракт од бела имела, кои се земаат како терапија против малигни тумори, терапија за ублажување на симптомите, но не и против самата болест.
Пациентите вклучени во истражувањето примале три инјекции од екстрактот на бела имела седмично 0,01 мг до 10 мг преку 22 дози. Одржувањето во живот било зголемено и повеќе од двојно и тоа од 3,2 месеца пред терапија па до 6,6 месеци по земање на терапијата од инекции со екстракт од имела. Во групата која примала инјекции со екстракт од имела забележани се нус појави кај 16 пациенти (при тоа лекарите тврдат дека имелата не е причина за тоа) додека пак кај групата која не примала вакви инјекции дошло до 53 случаи со нус појави од лекувањето.
Белата имела веќе некое време се користи при лекување на повеќе видови на рак. Ова не е прв пат таа да се покажала како полезна при лекување на ракот и тоа низ некое клиничко испитување. Позитивните резултати, упатените ги искористиле кај лекување на ракот кај градите, матката, дебело црево, јајниците, желудникот, бели дробови, како и меланоми.
Белата имела Viscum album, билка која се споменува во бројни нордиски и келтски легенди и која старите народи ја ценеле поради божествените својства кои и се препишувале.
Одамна се користела за лекување кај старите Гали и Келти и била нарекувана билка за сè.
Иако ја ценеле и многу познати лекари и исцелители, денес се смета за бескорисна и отровна.
Активните состојки на имелата се лектини, полипептиди, флавоноиди, вискотоксини, лигнини и алкалоиди.
ЛЕКОВОТИ СВОЈСТВА НА ИМЕЛАТА
Во народната медицина имелата е позната како средство за смирување на нервите, ублажување на грчеви и подобрување на сонот. Европските билкари ја сметаат за специфичен лек за нервни заболувања кои предизвикуваат грчеви.
Погодна е за третман за многу други тегоби кои произлегуваат од ослабен нервен систем. Се смета дека изградува, храни и го јакне нервниот систем.
Имелата го јакне женскиот репродуктивен систем, помага при неплодност, ја регулира менструацијата, намалува и смирува менструални болки и симптоми на менопауза.
Ги ублажува сите видови внатрешни крвавења и делува против болки. Покрај глогот, се смета за најдобар природен лек за кардиоваскуларни болести.
Имелата содржи состојки кои го нормализираат крвниот притисок. Ја регулира работата на срцето и ја смирува тахикардијата. Поттикнува размена на материите, ја засилува работата на жлездите на дигестивниот систем и спречува осптипација.
Оваа билка, исто така го нормализира нецелосното излачување на жолчниот сок и помага при шеќерна болест. Студиите сугерираат дека имелата може да го подобри либидото и да им помогне на мажите со ваков проблем.
Имелата честопати се користи и за лекување на рак. Бројни студии покажуваат дека активните состојки кои ги содржи оваа билка, имаат способност да ја раствораат мембраната на туморските клетки.
Покрај тоа, потврдено е дека го јакне имунолошкиот систем, ги олеснува болките и ги намалува нуспојавите од хемотерапијата за дури 80%.
ЕФЕКТИТЕ НА ИМЕЛАТА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ТУМОР:
-имунолошка стимулација
-хипертермија
-подобрување на општата работна способност
-подобрување на апетитот и спиењето
-ублажување на болки кај тумор
-подобра подносливост на хемотерапија
Најдобро се покажала кај карцином на грло, јајници, матка, дојка, црева, желудник, бронхии и мочен меур.
Онколошките препарати од имела се познати под називите Iscador и Helixor. Iscador е лек направен според принципите на антропозофската медицина, чиј творец е Rudolph Steiner.
Iscador се користи исклучиво во облик на инјекција која ја дава квалификуван лекар. Инјекцијата се дава што поблиску до местото каде што се наоѓа туморот, а понекогаш директно во тумор.
Во Германија имелата официјално е прифатена како лек за артритис. Екстракти од имелата би можеле да бидат и од корист на заболените од СИДА, бидејќи го подобрува имунолошкиот систем и спречува секундарни болести кои се јавуваат како последица на оваа болест.
Белата имела ќе ја препознаете по проѕирните бели бобинки. Листовите или малите гранчиња од имела со листовите се собираат од октомври до декември или во пролет, март-април.
Бобинките кои се употребуваат во народната медицина се собираат од ноември до февруари. Бобинките се користат само за надворешна употреба. Не смеат да се консумираат орално, бидејќи се отровни.
Имелата може да се користи и во облик на чај, прав, тинктура, маст од бобинки, чајни облози и топли бањи од листови и бобинки.
ЧАЈ: До врв полна лажица лист и гранчиња се прелива со 200 мл вода и се остава преку ноќ. Наутро малку се загрева и се процедува.
ПРАВ ОД ИМЕЛА: Сувите листови од имела се мелат или се толчат во прав. Се чуваат во херметички затворен сад.
ВОДЕН ЕКСТРАКТ: измешајте една лажичка прав од имела со 200 мл вода. Оставете ја водата да отстои 4 часа, а потоа процедете. Се пие по 100 мл екстракт наутро и 100 мл навечер.
ТИНКТУРА: иситнете 200 г лист од имела, прелијте со еден литар ракија и после три седмици (21 ден) процедете. Се зема по една лажичка од тинктурата со 200 мл вода, 2-3 пати дневно.
МАСТ: Свежи бели бобинки од имела измешајте со пчелин восок. Се користи само за надворешна употреба.
Чајот и другите препарати од имела можете да ги купите во билните аптеки или кај локалните билкари.
Напомена: Бобинките не смеете да ги јадете бидејќи се отровни. Преголеми дози може да предизвикаат повраќање. Препаратите од имела не смеат да ги користат бремени жени и доилки. Не смеат да се применуваат заедно со лекови за срце. Во лекувањето не смеете да користите имела од храст, бидејќи е отровна. Препознатлива е по жолтите бобинки.