Одлични за појадок или за мезе
Потребни состојки:
½ квасец
1 лажичка шеќер
1 лажица сол
300 г брашно
2 лажици презла
2 тријаголници зденка
2 лажици ситно сирење
½ чаша јогурт
Масло за пржење
Постапка:
Разматете го квасецот во половина чаша топла вода и додадете лажичка шеќер. Оставете да се активира.
Во вангла додадете ги останатите состојки и замесете тесто. Оставете да расте околу час и половина. Развлечете кора, исечете ги саканите облици, на пример тријаголници и квадрати, покријте ги со крпа и оставете ги уште 20 минути.
Загрејте го добро маслото и пржете ги уштипците. Вадете ги готовите уштипци на хартиена салветка за да се исцедат. Јадете ги топли со јогурт или кисело млеко.