Уштипците од тиквички печени во рерна се дефинитивно феноменален ручек со тиквички кој сигурно ќе го сака целото семејство. Овие запечени тиквички се поздрава варијанта бидејќи не се пржат и се користи многу малку масло. Секогаш ја избирам оваа верзија на тиквички бидејќи ви заштедува време, особено масло, а дефинитивно нема премногу хаос или состојки.
Кога сум втора смена на работа, најчесто маж ми подготвува ручек, па во последно време ги прави овие уштипци. Многу се вкусни, особено дечињата и свекрва ми многу ги сакаат. Подеднакво се вкусни и ладни и топли, но јас повеќе ги сакам топли и комбинирани со шолја јогурт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 средни тиквички, 2 мали лажички сол, 2 јајца, 2 лажици пармезан кашкавал, 2 лажици презла, 2 лажици брашно, прашок за печиво на врв на лажичка, малку сол на крајот по вкус.
ПОСТАПКА: Тиквипчките се сечат на двата краеви. Младите тиквички не мора да се лупат, само претходно добро измјијте ги под млаз вода. Постарите тиквички е добро да се измијат, па да се излупат. Изрендајте ги на крупната страна од рендето.
Потоа, изренданите тиквички посолете ги со прстофат сол, промешајте ги и оставете ги 10-тина минути да отстојат за да ја ослободат течноста од нив. Потоа убаво истискајте ги со раце или преку цедалка за да излезе водата од нив.
Во исцедените тиквички додајте ги двете јајца, две лажици рендан пармезан кашкавал или обичен кашкавал (пармезанот се купува веќе рендан во мали кесички). Промешајте, па посолете малку (имајте на ум дека и пармезанот е многу солен), па промешајте за да се изедначи.
Потоа додајте две супени лажици презла, 2 лажици бело брашно и половина лажичка прашок за печиво. Може да додадете и други зачини според ваш вкус. Повторно промешајте со лажица додека состојките добро да се изедначат во еднолична смеса. Смесата треба да има погуста конзистентност.
Плехот во кој ќе ги печете плескавиците обложете го со хартија за печење, а рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Со помош на две лажици обликувајте ги уштипците така што со едната лажица ќе црпите од смесата, а со другата ќе ја преклопите втората лажица за да се обликува.
Редете ги плескавиците на помало растојание (не растат во ширина многу) Не мора да оставате големо растојание помеѓу нив, зашто тие во текот на печењето нема да пораснат премногу. Печете ги додека да заруменат и да добијат златна боја.
Оставете малку да подизладат, па послужете ги како главно јадење или како прилог. Деталите од целата постапка може да ги погледнете ОВДЕ.