Ако имате дома бисквити, едно јајце и крем сирење, пригответе го овој неверојатен колач кој се приготвува за само 10 минути. Потоа останува само да го испечете и да го прелиете со карамел, но не мора. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г бисквити (плазма или со какао/некои по ваш избор), 3 супен и лажици путер, малку цимет за вкус, 180 г кондензирано млеко, 180 г крем сирење Филаделфија или Маскарпоне, 1 јајце, малку арома од ванила, 4 урми, малку ореви, 60 г снегулки/листови од бадем, карамел прелив по желба (не мора)




ПОСТАПКА: 250 г бисквити сомелете ги, а три супени лажици несолен путер растопете ги во микробранова или на многу тивок оган, па додајте во мелените кекси. Мешавината зачинете ја и со прстофат цимет во прав, или ако сакате додајте повеќе.




Промешајте со лажица за да се распоредат состојките, а потоа кексите истурете ги во помал калап обложен со хартија за печење. Можете да користите и калап за леб или ролат, или некој тркалезен калап, важно е да биде длабок.




Кексите ќе добијат конзистенција на влажен песок и може ќе ви се чини дека малку се посуви отколку што треба да бидат, но не додавајте ништо друго, така треба да биде. Со лажица одозгора малку притиснете и израмнете ја површината.




Потоа пригответе го преливот: Во блендер ставете 180 г кондензирано млеко, 180 г крем сирење, едно јајце и една лажичка екстракт од ванила, па заедно измиксајте ги додека да добиете хомогена смеса. Доколку немате блендер, тогаш состојките изматете ги со миксер.




Добиениот прелив излејте го врз слојот од кекси. Одозгора наросете околу една рака сечкани ореви и околу 4 ситно сечкани урми. Може да ставите и суво грозје, брусница, лешници, кикирики или нешто по ваш вкус.




Најодозгора наросете сечкани бадеми/снегулки околу 60 грама или да се покрие површината. Може да користите и други јатки, но токму снегулките од бадеми даваат убава крцкава кора на колачот.




Вака приготвениот колач ставете го да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Кога ќе се испече оставете го малку да подизлади, па извадете го од калапот, отстранете ја фолијата и сечете го на парчиња. По желба прелијте го со течен карамел. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.