Уште еден смртен случај на Клиниката за детски болести во Скопје.
Две и пол годишно машко дете од Штип викендов починало на Детската клиника во Скопје, потврдија оттаму за Алфа. Веќе една недела детето се лекувало од грип, но имало и сериозни проблеми со белите дробови, изјавила директорката Катерина Ставриќ за Алфа.
Таа изјавила дека детето имало и повеќе сериозни заболувања со кои периодов се измачувал неговиот организам, а се соочувал и со пневмонија.
Родителите на починатото дете не сакале да се направи обдукција.
Во меѓувреме Клиниките низ цела држава се соочуваат со сериозен недостаток на медицински кадар. Докторите постојано заминуваат на работа во странство, но и во приватните клиники, додека на местото на пензионираните медицински сестри и доктори, не се вработуваат нови кои ќе ги заменат.
И додека власта размислува каде да го изгради новиот Клинички центар и да ги подобри условите за лекување, болниците постојано голтаат човечки животи, а ситуацијата низ цела држава станува се поалармантна.
Извор: Македонијаинфо