Home Десерти Ултра сочен чоколаден колач што секогаш успева – едноставен рецепт со богат...

Ултра сочен чоколаден колач што секогаш успева – едноставен рецепт со богат прелив

сочен чоколаден колач

Се топи во уста – чоколаден колач што мора да го направите! 🍫 Ултра сочен чоколаден фаџ колач – мек, богат и совршено кремаст

Овој ултра сочен чоколаден фаџ колач е вистинско уживање за љубителите на интензивен чоколаден вкус.

Со мека и воздушеста структура однатре и богат, сјаен прелив одозгора, овој рецепт нуди резултат како од врвна пекарница – но направен во домашни услови.

Совршен избор за родендени, семејни собири или кога сакате сигурен десерт што секогаш успева, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

сочен чоколаден колачсочен чоколаден колач

🛒 Потребни состојки:

Суви состојки:
• 225 г брашно
• 60 г какао во прав
• 200 г шеќер
• 2 ½ лажички прашок за печиво
• ½ лажичка сода бикарбона
• ¼ лажичка сол

Течни состојки:
• 240 мл млеко
• 1 лажица оцет
• 120 мл растително масло
• 1 лажичка ванила екстракт
• 180 мл врела вода

За прелив:
• 150 г темно чоколадо
• 2–3 лажици растително масло
• НМД

сочен чоколаден колач

👩‍🍳 Постапка:

1. Во длабок сад додајте ги сувите состојки и промешајте додека да се изедначат.

2. Во посебен сад сипете го млекото и додајте оцет, па оставете неколку минути додека да добиете домашен „buttermilk“.

3. Во сувата смеса додајте масло, ванила и млекото, па мешајте додека да добиете густа, кремаста смеса без грутки.

4. Потоа постепено сипете ја врелата вода и мешајте додека да се добие мазна и течна смеса.

5. Смесата сипете ја во плех (20×20 см) обложен со хартија за печење.

6. Печете во претходно загреана рерна на 170°C околу 40–45 минути, додека да биде целосно печено.

7. Оставете колачот да се излади, па пресечете го на две потенки кори.

8. Растопете чоколадо со масло на пареа или во микробранова.

9. Прелијте ја првата кора, поклопете со втората, па и одозгора рамномерно прелијте со остатокот од чоколадото.

10. Оставете да се стегне, исечете на коцки и послужете.

💡 Совети за совршен резултат ж:

• Користете квалитетно темно чоколадо за подлабок вкус и подобра текстура.

• За уште побогат вкус, можете да инвестирате во миксер или силиконски калапи – практични решенија што го олеснуваат печењето.

• Чувајте го колачот во затворен сад – останува сочен со денови.

• Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:

https://www.youtube.com/watch?v=YMNwnN_xKXo