УБАВА ПРАЗНИЧНА „КИФЛА“ ПОГАЧА…Совршена за Велигден, но и за секоја пригода…мека и декоративна, многу едноставна подготовка…

рецепт и фото на Анита Стојановска

Средината може да се наполни со велигденски јајца или пак, со сувомеснато..Рецептот ни го испрати нашата драга членка Анита Стојановска. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

верзија 1:
200 мл млака вода
200 мл јогурт на собна температура (или кисело млеко)
2 белки на собна температура
1 квасец
2 лажички сол
1 лажичка шеќер
брашно по потреба

фото и рецепт Анита Стојановска

верзија 2:
250 мл млако млеко
1 лажичка шеќер
1 коцка свеж квасец 45 г
1 жолчка
50 г путер или маст
2 лажички сол
450 г брашно
3 лажици путер за мачкање
1 белка, сусам, ленено семе и др. за премачкување и посипување

рецепт и фото на Анита Стојановска

ПОСТАПКА:

1.Во топло/млако млеко се раствора квасецот со шеќерот и се меша со малку брашно. Оставете 10-тина минути да се активира и да запени.

Потоа додајте ги прво влажните состојки, па со постепено додавање на тестото замесете меко/средно тесто кое не се лепи за рака.

2.Тестото оставете го покриено да ферментира на топло место 30-40 минути или колку што е потребно за да го зголеми волуменот. Потоа поделете го на 3 топки.

3.Секое топче развлечете го во не многу тенка кора, со големина на чинија. Корите редете ги една врз друга, а првите две премачкјате ги со омекнат путер.

Сите три кори заедно развлечете ги во една поголема кора со дебелина од еден прст, или колку да можат да се виткаат кифлите.

4.Премачкјате ја кората со остатокот од путерот и исечете ја на 6 триаголници. Секој триаголник свиткајте го во кифла, па секоја пресечете ја на половина за да добиете 12 парчиња.

5.Наредете ги во намастен калап за куглоф 24 или 26 см (или во средината на тепсијата поставете гезве или огноотпорен сад. Поширокиот дел на кифлите поставете го покрај ѕидот на обрачот, а потесниот свртен кон средината на калапот.

6.Оставете покриено да ферментира половина час покриено. Во првата верзија премачкјате ја погачата со жолчка, а во втората верзија, со белка. Посипете семе по
желба.

7. Печете во претходно загреана рерна на 180-200 степени приближно 25 минути или додека убаво да зарумени. Постапката за втората верзија погледнете ја ОВДЕ.