Ова не е уште една пита со сирење. Корите точно е дека се за пита, како сите други кори како за колачот со јаболка, но филот е сосем поинаков: пенаст, слатко-киселкаст, со еден збор посебен. Пробајте ја оваа превкусна пита, ќе бидете воодушевени.

Потребни состојки: 300 г брашно, 2 лажички прашок за печиво, 200 г путер
70 г шеќер, 1 ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила, 2 лажици кисела павлака, 5 жолчки

За фил: 5 белки, 150 г шеќер, 2 пудинг од ванила 2х40 г, 6 лажици масло, 1 ванилин шеќер или 1 лажичка екстракт од ванила, 500 г малини (или јагоди, боровинки, капини, вишни…), шеќер во прав за наросување одозгора

Постапка: Просејте го брашното со прашокот за печиво. Додадете шеќер и путер исечкан на листови. Втријте го путерот во брашното за да добиете трошки. Додадете жолчки, кисела павлака и ванила. Замесете набрзина мазно тесто. Ако е потребно додадете уште малку брашно, но внимавајте да не биде претврдо, бидејќи тестото после ладење ќе стврдне уште повеќе.

Поделете го на два дела, едниот малку поголем 60%, а вториот малку помал 40%. Завиткајте ги тестата со фолија, па поголемиот дел ставете го во фрижидер, а помалиот поделете го на две топки и оставете ги во замрзнувач половина час.

Кога ќе почнете да го развлекувате првото тесто, проверете го помалото, случајно да не замрзнало, па префрлете го во обичен фрижидер.

За фил: Измиксајте ги белките во цврст снег, па постепено додадете му шеќер и ванила. Додадете просеан прашок за пудинг и нежно со лажица промешајте, да остане воздушесто. Додадете 6 лажици масло и понатаму мешајќи.

Првото тесто (поголемото) развлечете го во тепсијата, па потоа пригответе го филот, бидејќи тој се приготвува за многу кратко време.

Тепсија со величина 32х22 см обложете ја со хартија за печење или добро намастете ја со путер и набрашнете. Поголемиот дел од тестото развлечете го (тоа можете да го направите и на хартија) во величина на тепсијата, па пренесете го тестото во плехот и уште малку со прстите израмнете ако е потребно.

Врз тестото излејте го филот од белки и рамнемерно распоредете го. Врз филот наредете го овошјето. Ако користите смрзнато овошје, немојте да го одмрзнувате. Јас направив половина со смрзнати капини и помешу нафрлив малку боровинки и рибизли, а половина со свежи малини.

Вкусно е со било какви бобинки. Единствена разлика е тоа што со смрзнато овошје колачот помалку нарастува и повеќе сок тече од рабовите на колачот, но тоа воопшто не му пречи на неговиот вкус и изглед кога ќе се пресече. Одозгора изрендајте го помалиот дел од тестото (го поделивме на два дела за помалку да се грее од рацете при рендањето).

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 15 минути, па намалете на 160 степени и печете уште 15 минути. Потоа исклучете ја рерната и оставете го голачот уште околу 15 минути за малку да подизлади во неа. Извадете го колачот од рерна, изладете го и уживајте во него.

Coolinarika.com