Потребни состојки:

5 јајца

1 чаша (од 200 мл) шеќер

1 ванилин шеќер

3 лажици брашно

3 лажици чоколадо во прав

½ прашок за печиво

1 лажица вода

1 лажица масло

За крем:

3 јајца

1 чаша (од 200 мл) шеќер

100 г чоколадо Милка

200 г путер

И уште:

4 банани

Постапка:

Плехот од рерна обложете го со хартија за печење и вклучете ја рерната на 180 степени.

Одвојте ги жолчките, измиксајте ги пенесто додека да се растопи шеќерот, па спојте ги со белките кои претходно сте ги измиксале во цврст снег, мешајте со лажица и додадете масло, брашно и прашок за печиво.

Тестото излејте го во плехот и печете 15-20 минути на 180 степени. Печениот ролат заедно со хартијата префрлете го на влажна крпа, свиткајте го од спротивните страни кон средината и оставете така да се лади.

За крем: изматете ги јајцата со шеќер на пареа, па кога ќе започне да згуснува додавајте коцки чоколадо Милка, миксајте понатаму додека чоколадото целосно да се растопи (вкупно околу 15-20 минути) па тргнете на страна да се лади.

Додека се лади кремот тој ќе згуснува, па затоа треба повремено да се промешува. Во изладениот крем додадете пенесто изматен путер (или маргарин).

Одвиткајте го тестото и премачкајте го со крем. Ставете ги бананите на спротивните страни и свиткајте го секој крај од тестото кон средина. Свртете го ролатот така што спојките ќе бидат од долната страна, па премачкајте го со остатокот од кремот.

Изладете пред сервирање.