Оваа баклава ќе ве воодушеви со својот вкус. Искусните домаќинки користат една состојка и во тоа се крие целата такна на оваа вкусна баклава. Некогаш баклавата бил десерт кој исклучиво бил наменет за султаните и најбогатиот слој во општеството.




Во тоа време доколку сте знаеле да ја приготвувате оваа „кралица“ меѓу сите слатки, сте виле меѓу почитуваните, бидејќи тоа било прашање на престиж. Потеклото на баклавата не е познато ниту денес, но се претпоставува дека потекнува од Топкапи палатата, бидејќи токму таму се пронајдени записи со рецептот за нејзино приготвување.




Испробајте го овој рецепт и направете сочна, ама навистина сочна баклава. наместо шеќерен сируп користете млеко, а одозгора наросете ја со какао и чоколадо. Оваа баклава е вистински деликатес меѓу баклавите.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (верзија 1 со фстаци и какао): 1 пакување кори (500 г), 300 г фстаци, 3 чаши (200 мл) млеко, 3 чаши шеќер, масло по потреба

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (верзија 2 со бадеми): 1 пакување кори (500 г), 300 г бадеми во листови (или сирови бадеми), 1 путер (250 г), 800 г шеќер, 800 мл млеко




ПОСТАПКА – ВЕРЗИЈА 1: Тепсијата премачкјате ја со масло, па внатре редете ги корите една по една, секоја премачкувајќи ја со масло. Кога ќе наредите половина од корите, рамномерно наресете ги фстаците, па продолжете на истиот начин да ги редите корите.




Повторно секоја кора треба да ја премачкате со масло. Исечете ја баклавата и ставете ја да се пече на 180 степени околу 40 минути. Млекото помешајте го со шеќерот, па ставете на оган да зоврие. Мешајте додека целосно да се растопи шеќерот.




Печената баклава прелијте ја со млечниот сируп, па оставете да се олади и да го впие. Нешто слично се приготвува и втората верзија, со бадемите: за редење на баклавата редете правоаголен плех или стандарден сад со величина од приближно 30 см. Пред отпочнување пребројте ги корите, за да знаете да го распоредите филот.




Доколку во пакувањето имате 12 листови, ќе ја филувате секоја трета кора. Плехот премачкјате го со растопен путер, па ставете ја првата кора, намастете ја, па втората и третата, исто така намастени со растопен путер.




На секоја трета кора распоредувајте го филот. Откако ќе ја наредете баклавата, исечете ја на правоаголници/баклави со широчина од приближно три прсти. За да не се превиткува горната кора можете да ја покриете со алуминиумска фолија па да ја ставите во рерна.




Печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени. Баклавата е готова кога убаво ќе зарумени и кога комплетна „шета по тепсијата“. Млекото и шеќерот растопете ги и варете ги додека шеќерот комплетно да се растопи. Врелата баклава постепено преливајте ја со врелиот млечен сируп.




Не грижете се ако баклавата „плива“, тоа сè ќе го впие, а за секој случај не мора веднаш да го ставите целиот сируп. Почекајте да се впие, па потоа доставете го остатокот од сирупот, повторно малку, по малку. Оваа баклава е толку многу вкусна, што никој не може да и одолее.